Добро е да се дискутира и да се слушнат поделени мислења, секако.
Но треба да се задржиме на конкретните возила кои беа предложени. А не да се прават споредби.
Можеби тој што сака да купи одлучил што му треба, а му треба сосема малку за да се одлучи помеѓу тие три возила, конкретно 508-цата, инсигниата и мондеото во случајов.
Искрено и јас би се двоумил помеѓу нив. И конкретно знаеме за кои модели и мотори станува збор.
Единствено што требаше да се спореди е опремата која е во нив, нормално за одреден пакет кој треба да се плати, и да се споделат искуства со конкретните мотори. Пример кварливост, квалитет на изработка, истрајност, возни перформанси и тн итн.
Искрено мене сите ми се свиѓаат.
Мондеото ми е убаво, големо, нов модел. Малку Форд ми бил чуден во некој сегменти.
Опелот е исто така добар, убав е нема збор, ама е веќе стар модел. Имам слушнато неколку лоши муабети во поглед на квалитетот на моторот, односно конкретно другар имаше проблем на 20к километри со моторот, за на 25 да треба да го отварвараат моторот и уште еден куп глупости. Можеби е изолиран случај, но доволно да ме одврати и да ме оттргне од инсигнијата.
За 508-цата знам дека е добра, ја имаше мојот шеф, претходната, не новава редизајниранава. Мене оваа ми се допаѓа повеќе, заради некој од оштрите линии кои ги додадоа. Друга работа е тоа што моторот е докажан, за 1.6 ХДИ мислам дека нема потреба да се дискутира.
По овој муабет можеби би била дилема меѓу Мондеото и 508-цата.
Останува да се преспие, да се сумираат размислувањата и да се пазари едно од возилата.