И како што беше најавено за една мала модификација...
Имено, колава у принцип има DRL, односно дневни светла во самите фарови, односно светат белите пластики. Но тоа за жал само за америчко/канадско/австралиско тржиште. За кај нас тоа не важи
Затоа си порачав преку Али магленки на кои има DRL. Патешествието и нервозите никому не го посакувам, пошто цели 3 ипол месеци живци искинав додека да стигнат...И за на крај да се нервирам заради некој х причини, т.е. за најголема среќа скршени држачи, кои многу лесно ги залепив.
Но на крај цела таа голгота се исплатеше.
Еве ја целата процедура на замена и монтажа на истите...
Првично следеше вадење на сите пластични штифни од долната и од горната страна на браникот. вадење на штрафчињата и демонтажа на браникот.
И конечно браникот надвор...Малку се помачив околу највнимателно вадење на пластичните држачи кај крилата...Си сака трпеливост и притискање од внатрешна страна на точно место, инаку ке се испоизмачиш за џабе.
Постоечката магленка, и новата магленка со DRL диодите.
Магленката извадена, новата се спрема за монтажа. И нормално секогаш кога се вградува нешто афтермаркет, мора да има проблем. Уствари и не беше некој си страшен проблем, но постоечките дупки за држачите бегаа за по некој милиметар, па мораше малку да се прошират дупките на самите магленки. Тоа се реши за 5 секунди, и магленките си дојдоа на своето место:
Спроведени каблите, стегнати со везици, практично не се ни позава дека инсталацијата не е фабрички монтирана
Следи половина час монтажа на браникот по процедура обратна од горе споменатата.
Финалниот изглед како на следната слика:
Конечно, целата работа се исплатеше!
Останува да ги врзам некако бидејки се уште се двоумам која комбинација да ја направам. Дали да се палат и гаснат засебно од сите други светла, дали да се палат со палење на позиција и да се гаснат кога ке се запалат средни светла, дали да се палат со палење на колата и да работат нонстоп...Ке видиме...
Инаку во поглед на оригиналните, фабричките светла/сочива, можам да забележам одстапување во јачината на сијаличките кои беа вградени фабрички и овие. Фабричките сијалички се Н8, овие се Н27W-2. Едните се 35W- оригиналните, а овие се 27W. Со оглед на тоа дека магленки и не се користат нешто активно, туку повеќе ко за фаца, јачината е и повеќе од доволна. И, приметив разлика во висината на светење, односно подесувањето. Овие се повисоки, а спуштени се до минимум. Првата разлика е во дизајнот на самото сочиво, а второ во самата магленка.. Како год изгледаат одлично, односно намената со која ги монтирав, поточно DRL.