Автор Тема: Места на кои треба да бидеме претпазливи.  (Прочитано 234477 пати)

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Места на кои треба да бидеме претпазливи.
« Одговори #15 на: 01 Февруари 2011, 12:26:58 pm »
Мене ме имаат застанато пред 3-4 години за вртење полукружно точно кај БитПазар, на пешачкиот (мислам дека сеа не може веќе таму да се врти), и не ме казни џандарот (од браќата беше). Беше културен и фин, ме опомена само.

За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34064
  • Таков е животот... јебига
Одг: Места на кои треба да бидеме претпазливи.
« Одговори #16 на: 01 Февруари 2011, 16:57:17 pm »
Со твојата изјава ќе испадне дека другите патроли се во ред поставени, како на пример на Словенија каде слободно може да се стави знак 120, а и во Автокоманда.

Ма немој. 120. Каде што врие точаци, цигани на мотори, кучиња, мачки, стаорци, на брдо кое лесно замрзнува зимно време и на лизгав асфалт?

Јас немам пендрак и пиштол. Иначе на таквите знаеш што би им правел? Бандашите сосе гуми би им ги напикал у ***.
Кога ќе имате во семејство загинат најблизок ради такви ретардирани возачи што не знаат гаста зошто слуши, поинаку ќе мислите.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34064
  • Таков е животот... јебига
Одг: Места на кои треба да бидеме претпазливи.
« Одговори #17 на: 01 Февруари 2011, 16:58:51 pm »
Секаде треба да се биде максимално претпазлив. Не заради полиција него заради човечки живот.
300 евра ниту болат ниту долго време се памтат. Не дај боже да си виновен за човечки живот, после **** нема каење.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54948
  • Махер
Одг: Места на кои треба да бидеме претпазливи.
« Одговори #18 на: 01 Февруари 2011, 17:20:31 pm »
Со твојата изјава ќе испадне дека другите патроли се во ред поставени, како на пример на Словенија каде слободно може да се стави знак 120, а и во Автокоманда.

Ма немој. 120. Каде што врие точаци, цигани на мотори, кучиња, мачки, стаорци, на брдо кое лесно замрзнува зимно време и на лизгав асфалт?

Јас немам пендрак и пиштол. Иначе на таквите знаеш што би им правел? Бандашите сосе гуми би им ги напикал у ***.
Кога ќе имате во семејство загинат најблизок ради такви ретардирани возачи што не знаат гаста зошто слуши, поинаку ќе мислите.
Секаде треба да се биде максимално претпазлив. Не заради полиција него заради човечки живот.
300 евра ниту болат ниту долго време се памтат. Не дај боже да си виновен за човечки живот, после **** нема каење.
Зошто мислиш дека само ти имаш такво искуство? Не знаеш што преживеале другите, па не биди толку вулгарен.
А знаеш што би им направи на тие што мислат дека треба да возиме 60 насекаде, немам пендрек и пиштол инаку бандажите сосе гуми би им ги напикал во г*з. И до каде ќе стигнеме со муабетов? Никаде.
Значи малку барем малку логика. Ако позади буњаковец во уличките е дозволено 60 и позади универзална во уличките е дозволено 60, на Словенија треба да е дозволено двојно повеќе. Не значи ако е дозволено дека ти мора да возиш толку. Вози 5 на час ако сакаш, и остави ги другите да прават тоа што сметаат дека е правилно.
Проблемот лежи во селективноста на казнувањето на народот. Од таму произлегува и незадоволството и револтот. А хомосексуалното поставување на инаетските патроли го дополнива ефектот. Разбери дека полицијата има поента да собере што е можно повеќе пари и да тргне што е можно повеќе возачи од улиците, а не да го подобри сообраќајот. Има многу начини на кои може да ги натераш луѓето да те слушаат, а ако ги казниш само ќе ги изреволтираш и за инает ќе го прават обратното. Понатаму ако толку слепо го следиме правилото за ограничување на брзините, значи дека на сите кривини во Скопје смее да возам 60. Дали треба да возам толку? Не. Ама дозволено е. Повеќе пати на прегледни кривини сум влегол и излегол со 60, а полицаецот ме застана и провери и праша каде брзам. Реков не брзам под 60 возам, немаше што да ми рече друго и рече пријатно.
Но тоа на друга тема. Тука да дознаеме каде може да не казнат нас невините возачи, а каде може да газиме колку сакаме.
Еве што сум рекол:
Цитат: Deni
Сосема погрешно си ја сватил поентата на казна. Казната е начин да се натера човекот да вози прописно. Тоа е брутален начин, кој очигледно нефункционира воопшто. Основните параметри се сообраќајки и прекршоци, а не казни.

Оди на автопат во Грција и ќе видиш. Знак: The speed on this motorway is regulated by radar. The speed on this motorway is regulated by camera. The speed on this motorway is regulated by radar and camera. SPEED CAMERA AHEAD. И слично.

ПОЕНТАТА е да го натераш возачот да вози прописно а не да му земеш пари, и од револт да вози исто. Логика малку. Значи да го предупредиш дека има камера на некое тесно место каде што има сообраќајки и да намали човекот. А не да ОПНЕШ прикриени џандари за да те казнат, и да ги нервираш луѓето, да возат за инат, и да им ги земеш сите пари. Логика малку.

Ако ставиш знак на словенија и автокоманда „Брзината се регулира со помош на камери“, и ставиш две-три камери (кои немора често да се прегледувани, доста е еднаш неделно, колку за пример). Сите ќе возат прописно, ќе се намалат сообраќајки, нема да има ниедна казна, а сите ќе бидат среќни и релаксирани. Логика малку.

Казните служат за да се земат пари. Има бесконечно многу други методи за регулирање на протокот на сообраќај, кои се бесконечно подобри и поефикасни од казни и забрани. Логика малку.

Како возачи поборете се малку на страна на возачот, не само да се правите на удрени.

Како што е направено на сите нови автопати низ европа, така. Не го измислив јас. Мора да пишува 100 метри пред полициската контрола, дека има полициска контрола. И пред секоја камера дека има камера. Казната го нервира возачот, опомената го опаметува. Секогаш било така, и секогаш ќе биде. Те опоменува дека ќе бидеш казнет во следната кривина ако возиш над 80кмч. ПОЕНТАТА е да те натераат да возиш 80 каде што е дозволено 80, а не да ти земат пари и после казната следните 2км да возиш 260кмч од нервоза.
Правете разлика меѓу ефектите на делување. Ефектите. Да се постигне крајниот ефект треба, на што понепречен и побезболен начин.
Очигледно не си бил казнет за глупости. Ќе бидеш наскоро, не се секирај. Испланиран е буџетниот придонес од казни. Само кај нас. Не навлегувам, ама без разлика колку мислиш дека прописно постапуваш, во секој момент кршиш барем едно правило.
Најголемиот број на казни (95%) се за возење 10кмч побрзо, за магленки, за паркирање и слично. Не ја ставај живот-смрт ситуацијата тука. Тие случаи се 0.01%. Казните се пишуваат за неважни работи, за кои треба да си ОПОМЕНАТ, а не казнет.

П.С. Ако мислиш дека казните треба да се повисоки, особено оние за пречекорување 10кмч и слично. Да ставиме месечно од плата да ни одбиваат 200 евра, да ни доаѓа како на рати, превентивно.

Секогаш кога си возиш, возиш малку над дозволеното, како и сите ние. Само никој не признава, демек многу се културни. Бидете реални, малку барем. Сите чисти како солза, да не се. Никој (ама апсолутно никој) не е чист, и направил прекршок. Но дали треба да си казнет за тоа? Размислете си, и одете признајте си го прекршокот во полиција, со упланица од 300 евра.
Ти текнува тогаш кога сврте на дупла полна, кога немаше никој? Кога го претицаше трактотор на полна, зошто се гледаше дека не доаѓа кола и плус тој ти се потргна? Ти текнува кога заврте лево а не беше дозволено? Ти текна кога застана да претрчаш до банка, на 1 минута? Те текнува кога... Ајде ве молам.


Никој не раче дека не треба да се казнува поминување на црвено, газење пешак, алкохол, дрога... Ама за магленки, паркинг, 10-20кмч прекорачување, каиш на ова отпаѓаат 90% од казните.
Наместо да се поставуваат знаци во тек со реалноста, кај знаците 40кмч се поставува полиција за да те фати како манијачиш низ селцето со 50кмч.
« Последно менување: 01 Февруари 2011, 17:49:37 pm Deni »

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34064
  • Таков е животот... јебига
Одг: Места на кои треба да бидеме претпазливи.
« Одговори #19 на: 01 Февруари 2011, 20:25:19 pm »
Дени, работите сосем погрешно си ги сфатил. Ќе правиме муабет на широко кога ќе се видиме. Има многу добра причина зошто каде што е дозволено 40 ти не треба да возиш 50.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29590
    • CARclub.mk
Одг: Места на кои треба да бидеме претпазливи.
« Одговори #20 на: 03 Февруари 2011, 13:53:31 pm »
Сабајлево ми ја ќари колата пајак на улицата карши клиника.. Имало знак, али до сеа таму 10 пути сум се паркирал, и никад ништо.. Јебига друже судија, 2000 мкд услуга и 1500 мкд казна, колку да знаете.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Места на кои треба да бидеме претпазливи.
« Одговори #21 на: 03 Февруари 2011, 14:06:25 pm »
Скуп паркингот таму. :D Само, мене последен пат кога пајакот ми ја ќари колата платив 2500 или 2400 на пајак службата и уште 2000 или 2500 на лицето МВР. Намалени се казните нешо или?
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29590
    • CARclub.mk
Одг: Места на кои треба да бидеме претпазливи.
« Одговори #22 на: 03 Февруари 2011, 14:07:13 pm »
Скуп у пм.. најскуп у Скопјево до сеа. :)

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10944
  • 430i
Одг: Места на кои треба да бидеме претпазливи.
« Одговори #23 на: 03 Февруари 2011, 14:08:33 pm »
А инаку најскапа Љесковачка и слични на неа сендвичи има во Аеродром кај Мајчин дом.
Пазете таму редовно циркулираат.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54948
  • Махер
Одг: Места на кои треба да бидеме претпазливи.
« Одговори #24 на: 03 Февруари 2011, 14:16:43 pm »
А инаку најскапа Љесковачка и слични на неа сендвичи има во Аеродром кај Мајчин дом.
Пазете таму редовно циркулираат.
Мене честа дестинација за лесковачка ми е кај вили-буњаковец. Си доаѓаш од позади со кола скоро им влагаш внатре со кола и си земаш. е сега ако се правиш паметен и застанеш на сама Партизанска...

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Места на кои треба да бидеме претпазливи.
« Одговори #25 на: 03 Февруари 2011, 14:24:45 pm »
Сабајлево ми ја ќари колата пајак на улицата карши клиника.. Имало знак, али до сеа таму 10 пути сум се паркирал, и никад ништо.. Јебига друже судија, 2000 мкд услуга и 1500 мкд казна, колку да знаете.

На 50та Дивизија, што искача кај Галија? Таму креваат редовно, си имал среќа до сега :)
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Места на кои треба да бидеме претпазливи.
« Одговори #26 на: 03 Февруари 2011, 14:30:05 pm »
Па фала к*рцу шо креваат таму. Уше да не креваат сељачиштата од клошарење ќе го блокираат цело Скопје. Имаа паркинг кај Веро, имаа кај Државна, имаа и мали паркингчиња во околијата. Зошто да ја блокираш 50-та Дивизија кога и така едвај две коли можат да се разминат.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Места на кои треба да бидеме претпазли&#
« Одговори #27 на: 03 Февруари 2011, 14:36:40 pm »
Па фала к*рцу шо креваат таму. Уше да не креваат сељачиштата од клошарење ќе го блокираат цело Скопје. Имаа паркинг кај Веро, имаа кај Државна, имаа и мали паркингчиња во околијата. Зошто да ја блокираш 50-та Дивизија кога и така едвај две коли можат да се разминат.

Се согласувам со тебе. Ок е да се паркира од едната страна на улицата, и останува простор нормално да се разминат две коли. Али нормално, македонче се паркира на сред улица, дека за кратко е, а и во болница иде :)

Јас си имам паркинг со рампа таму, ама тешко се стига до него до 4 часот :)

ЕДИТ: Јавно да се заблагодарам на полицајците од вчера што само ме опоменаа за поминување преку дупла пуна линија, и тоа без молење и плачење или па заканување со началници Урковци и слично :)
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29590
    • CARclub.mk
Одг: Места на кои треба да бидеме претпазливи.
« Одговори #28 на: 03 Февруари 2011, 16:09:09 pm »
Не не, не на 50та Дивизија.. Од другата страна, малку подалеку од клиника..

Отсутен zOkO

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 76
  • брм брм
Одг: Места на кои треба да бидеме претпазливи.
« Одговори #29 на: 03 Февруари 2011, 19:43:46 pm »
Не не, не на 50та Дивизија.. Од другата страна, малку подалеку од клиника..

Збориш за улицата десно коа се качуваш накај средно? Улицата одма после тобакото? Ако ти ја кренале таму ондак и мене до сеа требало 10 пути да ми ја кренат, пошо таму од десна страна има 100 коли преку цел ден паркирани
I don't discriminate, I hate