Го спуштив пред 2-3 дена кога го спомна Стратро, никако да стигнам да го гледам ради обврски. Има и документарец кој е доста добар, Manhunt. Генерално, фасцинантна приказна. Го читав манифестот на Тед, и страшната работа е што има делови во него што се сосема логични.
Абе ликот бил своевиден генијалец со ептен високо IQ, ама едно е во манифестот да има логични работи, друго е да праќаш бомби наваму-натаму.
Тоа со бомбите никој нормален не му го оправдува, иако е фасцинантно колку чисти му биле бомбите, во поглед на отпечатоци или било каква друга форензичка трага, и до кои крајности идел да се скрие. Среќа брат му бил присебен, па го пријавил, инаку како Зодијакот, никогаш не би го нашле.