Срцка

Дечки, хаскичево уште 7 дена ќе прави 2 месеци и ќе го носам да го вакцинирам... Незнам од кога треба да почнам да му давам калциум, некои ми викаат од сега некои викаат после вакцина, као не се брзај, некој по стручен да ми каже што како ако може, би му бил благодарен и дајте ми некој предлог за купечка храна, јас сега земав за проба педигре... 
Досега веќе требало да биде вакцинирано ... првата вакцина се става кога кученцето ќе наполни 6 недели (кога имало 40 и некој ден).
Моја препорака за ветеринар ти е др. Диме, ординацијата се наоѓа во капиштец.
За калциум, јас почнав да и давам на мојата Доберманка од 2 месечна возраст, и калциумот што јас го користев се викаше Калциум Мултивит ... тој ти е најквалитетен од калциумите што се продаваат кај нас.
Се дозира секој ден, 1 таблета се дава на 10 кг. телесна тежина (значи за Хаската ќе треба по половина таблета за почеток, бидејќи сеуште нема 10 кг. ) ... во паковањето има 50 таблети, а 1 паковање кошта околу 400 - 450 денари.
Иначе сувата кучешка храна Педигре, што веќе си ја зел, е ептем неквалитетна, и не би ти препорачала да ја користиш, а особено не сега кога кученцето е во раст и развој и потребна му е квалитетна исхрана, за да има правилен раст и развој.
Јас ја корстам Brit (линкче:
http://www.carnilove.cz/en/), и сум презадоволна, моментално според кавалитетот е број 1 храна во Македонија.
Коа веќе сум на темава ... во сабота ќе има изложба за кучиња на стадионот FCU-55 (Цементарница) кој е заинтересиран слободно може да дојде.
https://www.facebook.com/events/1049670568381771/