Ветеринарите нека ти кажат кога да почнеш и кога да престанеш со калциумот. На Тор му дававме од 2 ипол месеца (од кога го земавме) па до кај 11 месеца, можда и година фати.
Тор од бебе па навака го храниме со Trainer. Прво му зимавме појака храна, за поубаво да се оформи, зацврсти и слично, па после му сменивме на „нормална“ храна. Не е препорачливо да му ја менуваш храната на кучето. Можеш да ја збогатиш со нешто друго (на пример, варен ориз или мевце или нешто така), но не да ја менуваш цело време. Ќе си има проблеми со дигестивниот тракт.
НЕМОЈ да му даваш све што јадете вие по дома. Не е се’ подобно за кучето. Побарај на нет, гуглај за човечка храна што не е подобна за кучиња, и убаво прочитај.
Додека е малечко, немој да го тераш многу да скока, трча, пентари по скали и слично, барем до кај 9-10 месеца, да му се ојача карлицата. Во спротивно, може да се појави дизплазија (деформација) на нозете.
Ако треба нешто плус, слободно прашај.