Опасно или неопасно куче не е глобална класификација.
Прво, самиот сопственик треба да знае дали кучето му е агресивно или не. Посшто може и Лабрадор да нападне (како Цезар Милан) а мже и Питбул да биде мирен.
Второ, вилицата на доберман може да задави возрасен човек, а вилицата на пекинезер или на пинч не може да задави ни дете.
Причината за палење мислам дека ти е неосонована, настрана тоа што малку ми е нејасна. Човек е човек, куче е куче. Секој човек надвор на улица одговара сам за себе, изгледа како човек, покажува емоции како човек. Кучето не го разбираш, не може секој да препознае како кучето е расположено, дали е исплашено, дали е агресивно. Кучето е куче, нечија сопственост а не рамноправно суштество во човечко општество. Затоа носењето на корпа кај кучињата не можеш да го поврзеш со носењето на лудачка кошула кај луѓето. Кога би знаел дека одреден дел од паркот е наменет за кучиња, не би се шетал таму, особено не со деца на пример. Исто како што не би се шетал низ санаториум со деца.
А тоа дека агресијата на кучето во најголема мерка зависи од СОПСТВЕНИКОТ тоа со прилично голема резерва на точност. Тоа влече корени од тоа кога во развиените општества нечие куче ќе повреди нечие дете, сопственикот на кучето е тој кој е МАТЕРИЈАЛНО виновен и кој мора да ги сноси трошоците за лекувањето, рехабилитацијата и претрпениот стрес. А за агресијата на кучето виновни се и многу други фактори, директно или индиректно поврзани со самиот сопственик (или сопственици).