што е најдобро да земам за 30 дневно кутре(хаска) за јадење... би требало после да одам да го земам, па успат и нешто да крка
Немој да го земаш сега, 30 дневно кученце е сеуште премладо за да се одвои од леглото.
Кученцето треба да има најмалку 40 - 45 дена за да се одвои од леглото ... тие плус 10 - 15 дена, многу значат.
Јас мојата Доберманка ја земав на 42 дена, и сеуште сметам дека беше рано, требаше да почекам барем уште 1 недела.
А за исхрана, сува кучешка храна, Brit CarniLove и Brit Care се најквалитетни, јас ја користам Brit CarniLove.
Ќе земеш Puppy линија, тоа се ситни гранули збогатени со калциум, витамини и сл. потребни состојки за правилен раст и развој на младите кученца, и гранулите се ситни, за да можат полесно да ги грицкаат
Секако на почеток, додека е мало, додека да наполни 2 месеци, ќе треба да ја натопуваш сувата храна со млака вода, како кашичка да ја направиш за да може полесно да ја јаде, додека да му ојачаат забчињата.
Можам да ти средам работа со увозникот на Брит, се познавам лично со човекот, и наместо да ја купуваш храната од Пет Шоп по повисока цена, ќе ти средам работа, да си ја зимаш храната по набавна цена, да не фрлаш дупло пари за храна.
За дополнителни совети, слободно прашај ме, се што не ти е јасно прашувај.