можам да го испровоцирам да направи инцидент и да ме повреди па потоа судски да барам оштета.
Знаеш ли дека можеш да наебеш на суд поради тоа многу повеќе одошто сопшственикот на кучето може во истиот случај?
Можам да наебам на суд ако му се издерам на куче? Под провоцирање не значи ударање. Едноставно почнувам да се дерам да трчам и ете ти инцидент... А тоа што он вика дека кучето имало место каде да шета а јас не да не е обратно? Со закон јас имам право да се движам на секоја јавна површина. За кучиња мислам дека нема таков закон.
Ако моето куче е во територија каде му е дозволено да биде пуштено слободно, а ти имаш нешто против со тоа да имаш кучиња до тебе, не шетај во таа територија. Ако поентата ти е да го испровоцираш кучето да направи инцидент за потоа судски да бараш оштета, тогаш нешто не е у ред со тебе.
Јас да се приспособувам на територија на твоето куче? Само ако си ја платил и ми покажеш документ за приватна сопственост. Во секој друг случај ти ако си нормален на секоја забелешка ќе реагираш и ќе го тргнеш кучето, уствари не би ни требало да дозволеш кучето да биде таму а не да има потреба да реагирам.
Како што реков, ако идејата ти е да испровоцираш куче за да земеш оштета на суд, тогаш нешто сериозно не е у ред со тебе.
И пак ќе кажам, доколку е дозволено кучето да шета слободно во некоја територија, а ти имаш проблем со тоа, ДА ТИ треба да се приспособиш кон тоа. На пример, во Градски Парк во Скопје, има дел од паркот, кај езерцата, каде што е дозволено кучето да шета слободно. Ако имаш страв од кучиња, или не сакаш да се до тебе, не шетај во тој дел од паркот. Во другиот дел од паркот, кучето мора да е на поводник. Тука можеш да ми глумиш џомба, ако кучето мое ти влага у ваздушен простор.
Кога ете ви пречат кучиња со среден или висок раст пошто биле опасни и јадат новороденчиња за доручек, да ви кажам една случка... На протестот во врска со легализирањето на еутаназија на кучиња организиран од Анима Мунди, имаше едно чудо луѓе со своите миленици, кои варираа од „глужд“ висина, до „Тодор Гечевски“ висина. У глобала, најбучни, најџавкала и рака на срце најдосадни беа тие во категорија „глужд“. На другиве не можеше глас да им се чуе. Истото во голем процент може да се забележи и во светот на луѓето - тие што се мали, недоволно физички развиени или без доволно верба во себе, лаат, џавкаат и се курчат на све живо и диво.
П.С. Мене ме има гризнато пекинезер, ме има нападнато глутница кучиња кога сум бил на точак. Преживеав во двата случаи и пак сакам кучиња. Жена ми бидна гризната од мачор сијамец и од Мопс. Па вие расправајте се тука за „опасни“ раси и „агресивни“ животни.