Автор Тема: Домашни Миленици  (Прочитано 700060 пати)

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20594
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #2250 на: 06 Март 2014, 11:06:46 am »




The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29269
    • CARclub.mk
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #2251 на: 06 Март 2014, 11:10:46 am »
Аууу, тешки глупости и препичувања. Што ќе му оценка, ако некој е толкав познавач или голем љубител на одредена кучешка раса и самиот може да препознае убаво куче(убаво мислам под тие некои си изложбени стандарди) и нели може да го провери педигрето на истото.

Да не праиме муабет дека со селективното парење исклучиво со „show-dogs“ сериозно се сјебува генетиката на кучињата и дополнително се истакнуваат генетските проблеми што расите ги имаат.


Ама битно е да се освојуваат награди.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20594
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #2252 на: 06 Март 2014, 11:26:12 am »
Кој е бенефитот за кучето и за сопственикот на истото, ако го носите по изложби и натпревари? Доколку имам куче, никогаш не би го малтретирал да го носам по изложби и слично, особено не во нашава затуцана држава.

У принцип, на изложба би можел најлесно да најдеш партнер за парење (под претпоставка дека има пријавени доволно учесници). Си има и некоја лична сатисфакција во тоа, твоето куче да земе награда или некаква пофалба на изложба. Чисто онака, да си го почастиш својот карактер, додека тоа на кучето ништо не му значи.

Има луѓе што малтене живеат од своите легла на кучиња, така да, нив и тек како им е битно својот примерок да го спарат со друга „силна крв“.

А иначе, ако идеш чисто онака, колку да го покажеш кучето, нема никакво малтретирање. Едноставно, кучето таму ќе си биде како во парк со многу кучиња :) Ако го носиш да ти биде стилско изразно средство, онда да, кучето може да трпи стравови, фрустрации, малтретирања итн. Па шишање, четкање, потшишување, четкање заби а у...
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Kimi R

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3011
  • "Just leave me alone, I know what I'm doing"
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #2253 на: 06 Март 2014, 11:31:13 am »
Што створ ќе беше чоекот, абе не е ни куче да му даеш да чува. Пушти го бре таму нек трча, нек се радуе, нека изнудуе насмевки пред се кај тебе, па и кај останатите, ти секако ќе си го сакаш, без разлика дали освоило или не некоја си награда. Одење на натпревар чисто ради разонода кај сопственикот и забава кај миленикот(нели ради запознавање други кучиња) ми е единствена логична причина за учество.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20594
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #2254 на: 06 Март 2014, 11:38:09 am »
Ја пак ќе кажам, има луѓе кои инвестираат премногу во своите легла, така да, би разбрал зашто не им е сеедно со кого ќе се спари кучето.

Што створ ќе беше чоекот, абе не е ни куче да му даеш да чува. Пушти го бре таму нек трча, нек се радуе, нека изнудуе насмевки пред се кај тебе, па и кај останатите, ти секако ќе си го сакаш, без разлика дали освоило или не некоја си награда. Одење на натпревар чисто ради разонода кај сопственикот и забава кај миленикот(нели ради запознавање други кучиња) ми е единствена логична причина за учество.

За најнормален сопственик на куче, ова е (или барем би требало да биде) „дифолт сетинг“ :)

The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Kimi R

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3011
  • "Just leave me alone, I know what I'm doing"
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #2255 на: 06 Март 2014, 11:41:03 am »
Да де, уопште не го зимај да го чуваш доколку не можеш или не сакаш да му ја пружиш потребната љубов, а со тоа оди нели и грижата која што е неопходна. Се надевам еден ден ќе бидам во можност да чувам куче.

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29269
    • CARclub.mk
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #2256 на: 06 Март 2014, 11:52:36 am »
Пред да го кастрираме Принц Драгослав Први Јарчевски (Сваштојед) го пуштавме на парење по маалски мачки и парче праеше. Еднаш-двапути му донесовме многу згодна сијамка да ја обесчести, ама не им тргна муабетот, односно она го кршеше од ќутек.

После пак го пуштавме по маалските курвичиња.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20059
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #2257 на: 06 Март 2014, 11:53:34 am »
Првите 2 дена го крши од ќутек. После му дава и пак го крши од ќутек. ;D

Отсутен Kimi R

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3011
  • "Just leave me alone, I know what I'm doing"
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #2258 на: 06 Март 2014, 11:58:53 am »
Причиве со парење на миленици ми се ептен смешни. На девојка ми пекинезерот у млади дани работел по две од еднаш и то мајка и ќерка, сега му клекнал гзот па сиротиот пуцал на празно. Али најсмешно ми е ко ќе го видам како си го клеца перничето за спиење, па уште знае да те погледен у очи дур го праи тоа, кома ;D

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29269
    • CARclub.mk
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #2259 на: 06 Март 2014, 12:05:59 pm »
Другарче чува некоја мешавина на пудлица со нешто. Женка.

Кучево има една огромна играчка, као платнена шарена змија. И се качуе на змијава и парче ја праи. Ама само на змијата, ништо друго.

Отсутен negoznam

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 533
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #2260 на: 06 Март 2014, 12:35:53 pm »
Ограниченоста на некои сопственици да инсистираат нивното куче да се пари исклучиво со кучиња кои „имаат оцена“.
За да добиеш педигре за малите, и таткото и мајката мора да бидат оценети. Така да не е само ограниченоста во прашање.

Иако се сложувам дека се претерува со стандардите и дека кај многу раси генетските дефекти се вреднуваат. Најпознат пример за тоа е германискиот овчар а.к.а. вучјакот. Се вреднува спуштеноста на колкот и задните нозе иако тоа му го попречува нормалното движење и доведува до зголемен процент на дисплазија(тешка болест и за кучето и за сопственикот).


Но од друга страна, педигрето е одлична работа за нормални сопственици како и за расите што не подлегнале на многу промени низ минатото и кај што не се вреднуваат дефектите. На пример расава што ја чувам има многу мали ненаметнати промени низ времето.
Плус со педигрето од старт знаеш колкаво ќе порасне, каков му е карактерот и сл. Така да можеш со малце истражување да го најдеш перфектното куче за тебе и да се поштедиш од некои поголеми изненадувања.

За изложбите, многу ретко ги посетувам нашите баш ради тоа што се јачаат луѓето и идат до екстреми само за да земат некоја награда. Ретко ги сфаќаат како место за забава и дружење со други љубители на кучиња. Но некогаш мора да се отиде баш заради таа награда која многу олеснува во пронаоѓање женка или купци за леглото.

Отсутен velkov

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 637
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #2261 на: 06 Март 2014, 12:49:01 pm »
За да добиеш педигре за малите, и таткото и мајката мора да бидат оценети.

за да добиеш педигре мора мајката и таткото да имаат педигре и да се позитивно отценети од кинолошки судија за расата

Иако се сложувам дека се претерува со стандардите и дека кај многу раси генетските дефекти се вреднуваат. Најпознат пример за тоа е германискиот овчар а.к.а. вучјакот. Се вреднува спуштеноста на колкот и задните нозе иако тоа му го попречува нормалното движење и доведува до зголемен процент на дисплазија(тешка болест и за кучето и за сопственикот).

дисплазијата нема врска со колкот и задните нозе, лабладорите имаат пушка прав грб и колк (сапи) и сосема нормални агли на задните нозе па пак страдаат од дисплазија, сето тоа е од неодговорно одгледување се парат единки кои немаат снимки за здрави колкови иако се знае дека расата генерално многу страда од тоа така генецкиот потенцијал за хд се зголемува

друго од каде информација дека заоблениот рбет на германскиот овчар му го попречува движењето? си видел како треба да трча германски овчар?


каде овде се гледа хендикеп? на сликата кучето е наместено во став каде едната нога е пред дргата за по прегледно да се види навалувањето на рбетот па делува како кучето едвај може да се движи

Плус со педигрето од старт знаеш колкаво ќе порасне, каков му е карактерот и сл. Така да можеш со малце истражување да го најдеш перфектното куче за тебе и да се поштедиш од некои поголеми изненадувања.

да беше ова вака ќе немаше џукели туку сите ке имаа врвни претставници на расата, генетиката на хартија (педигре) и во пракса не е исто

се парат единки со здрави колкуво и не многу значаен екстериерен изглед се добива екстра добро (неочекувано) добар пример на расата и на крај на 12 месечна возраст на тест снимките излегува хд-ц со тоа кариерката на кучето како приплодњаќ кај проверени одгледувачи завршува

Отсутен negoznam

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 533
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #2262 на: 06 Март 2014, 13:32:58 pm »
за да добиеш педигре мора мајката и таткото да имаат педигре и да се позитивно отценети од кинолошки судија за расата
Тоа и го мислев, само не го обајснив подетално.

дисплазијата нема врска со колкот и задните нозе, лабладорите имаат пушка прав грб и колк (сапи) и сосема нормални агли на задните нозе па пак страдаат од дисплазија, сето тоа е од неодговорно одгледување се парат единки кои немаат снимки за здрави колкови иако се знае дека расата генерално многу страда од тоа така генецкиот потенцијал за хд се зголемува
Не реков дека и други раси не страдаат од дисплазија, туку дека ради форсирање на нискиот г'з кај вучјакот низ годините е зголемена опасноста од дисплазија.
За снимките се согласувам ептен. За жал кај нас ретко кој ги снима.

друго од каде информација дека заоблениот рбет на германскиот овчар му го попречува движењето? си видел како треба да трча германски овчар?

каде овде се гледа хендикеп? на сликата кучето е наместено во став каде едната нога е пред дргата за по прегледно да се види навалувањето на рбетот па делува како кучето едвај може да се движи
Сликата ја ставив како пример за ставот што се форсира. Нигде на кажав дека дека има хендикеп кучето на сликата. Можеби не се изјаснив најубаво, форсирањето на тој изглед кој што нема врска со оригиналниот Г.О. доведува до проблеми. Пример degenerative myelopathy, иако се среќава кај други раси најизразена е кај вучјакот. Иако се претпоставува дека е автоимуна болест, сепак е генетски пренослива. А чим е генетски пренослива и најизразена кај вучјакот, можеш да го сфатиш заклучокот.

да беше ова вака ќе немаше џукели туку сите ке имаа врвни претставници на расата, генетиката на хартија (педигре) и во пракса не е исто

се парат единки со здрави колкуво и не многу значаен екстериерен изглед се добива екстра добро (неочекувано) добар пример на расата и на крај на 12 месечна возраст на тест снимките излегува хд-ц со тоа кариерката на кучето како приплодњаќ кај проверени одгледувачи завршува

Нигде не реков дека со педигрето добиваш и увид во иднината, реков само дека имаш општа престава како ќе изгледа кучето. Ова за нормален сопственик кој не планира да отвара одгледувачница значи доста. На нормален сопственик не му е многу важно колку титули ќе собере, важен му е карактерот на кучето.
А дали во очите на некој „професионалец“ ќе изгледа како џукела го заболе ташак нормалниот сопственик.


Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29269
    • CARclub.mk
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #2263 на: 06 Март 2014, 13:36:14 pm »
Мене ми е мало смешно видеото за вучјакот.

„Вака треба да се движи“ а само едно куче се движело така, и (според самото видео) од тогаш немале друго куче кое се движи така.

Значи, ќе одбереме еден пример од илјадници за тоа како ние мислиме дека треба нешто да се прави, и тоа ќе биде правилниот начин?

Не кажувам дека не си во право, најверојатно си, не ги познавам расите до толку (или ич, за да имам валидно и оправдано мислење), само малку ми дојде смешна конкретната ситуација.

Отсутен velkov

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 637
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #2264 на: 06 Март 2014, 13:45:52 pm »
Мене ми е мало смешно видеото за вучјакот.

„Вака треба да се движи“ а само едно куче се движело така, и (според самото видео) од тогаш немале друго куче кое се движи така.

Значи, ќе одбереме еден пример од илјадници за тоа како ние мислиме дека треба нешто да се прави, и тоа ќе биде правилниот начин?

Не кажувам дека не си во право, најверојатно си, не ги познавам расите до толку (или ич, за да имам валидно и оправдано мислење), само малку ми дојде смешна конкретната ситуација.

видеото така го ставив не го барав стрикно него сакав да покажам пример само дека кучето нема никакви проблеми со движењето и грбот од 45 степени (мислам дека толку беше по стандард)

јас како „одгледувач“ ги обожавам работните раси и кога парам гледам да ги задржам тие работни карактеристики пример според мене е многу поважно какви агли на нозете ке има (да се правилно да може кучето да се движи што е можно подобро да не шалта со газот лево десно да не се спомнува со предната нога....) отколку на пример бојата на очите

тој што го склопувал стандардот му се видело подобро со темно отколку светло око и ајде мора да е темно

на времето старите кучкари се правеле за да задоволат некој стандард од потреба (не како сега стандард за кучето да има повеќе титули со тоа повеќе парења со тоа поголема продажна цена во шпанија) пример во светските војни боксерот има многу значајна улога како службено куче исто и германскиот овчар со тек на време се заменуваат со пософистицирани раси германскиот боксер го исфрлаат го форсираат германскиот овчар потоа него го исфрлаат го форсираат малиноата итн