Следната генерација може само да биде подобра ако биде инволвирано конкретно твоето куче. Твоето куче има шампионски гени и квалитетно потекло, соодветно на тоа, и потомците на твоето куче ќе бидат подобри во споредба со тоа ако таткото не е со квалитетни гени.
Значи, јас не реков ништо против барање педигре. Јас имам проблем со „имање оцена на изложба“. Као, ако нема оцена кучето, безвредно е и не вреди да се размножува? Ете, Тор на Велештрумф нема оцена добиено. Дали тоа го прави помалку вреден за размножување?
Јас не викам да се мешаат видови на кучиња, и не реков твоето куче да се онакви со Пекинезер или Чивава. Нека се штанца со Померанианка, битно ли е дали има педигре? Јас повеќе би внимавал да не се во крвно сродство (односно барем не премногу блиско крвно сродство, наврати се на документарецот од BBC што го линкнав неколку поста наназад).
Конкретно, мене ми е глуп следниот момент - се наоѓаа две кучиња од иста раса. Почнуваат да се сакаат. Почнуваат физички да се сакаат. У тој момент едниот од газдите ги прекинува со изговор „ааа не, вашето нема оцена добиено на изложба.“
Како и некои други работи околу кучињата (односно нивните сопственици) ова не го разбирам.
Класен у крати црти истото го паламудиме арно ама.
Не дека Тор не е вреден арно ама он има педигре, значи неговиот татко мајка баба дедо чукун дедо и сите имале оценки. Затоа денес Тор Е вреден за размножување.
Доколку Тор утре опаша некоја исто солидна рецимо, детето може ќе биде 10 пати подобро од Тор и мајката заедно арно ама ќе НЕМА педигре. Тоа значи дека немаш валиден документ да докажеш ти дека таткото и мајката (во случајв тор и солидната) се стварно мајка и татко на кучето и уште побитно дека кучето ги исполнува стандардите на самата раса (уши,крзно). Кучиња обично кога се мали неможе да се утврди дека ги исполнува тие услови (не се услови ама немам подобар збор у моментов не ми текнува). А исто така доколку Тор нема да речеме оцена (не само Тор ама дека за него зборев де
) тешко дека ќе најде некоја солидна.
ЗНачи на кучето до 2 месеци сеуште не му се правилно изградени ушите, опашот, поготово крзното и слично. Да не зборам за заби.
Значи ти треба да имаш некој докоумент (нешто као извод од матично, лична карта) или како сакаш кажи го документот со кој ти потврдуваш дека кучето не е производ на Тор и Вучјак.
Ова вториов болд, за крвното сродство. Доколку кучето нема педигре ( а би немало доколку неговите родители немале оценка и се онаквале), утре како ќе знаеш дали му е брат сестра чичко или стрина? Еве поготово со мојава раса? Која е прилично ретка во моментиве? Нема шанса и многу полесно Барт ке некоја у крвно сродство. Педигре многу убава работа, денес на заебанција си го изгуглав таткото на Барт и си го најдов, знам и каде е сега татко му. Му најдов и еден брат кој моментално е у Нови сад. Сакам да кажам оцените и самото педигре не му дозволуваат на Барт да мавне некоја сестричка.
бај д веј еве го таткото на пацерот мој -