Ох леле мајко... тема на место...
Кога имав 6 години, малце пред роденденот, ми донесоа женско ДАЛМАТИНЧЕ. Најлудата машина за кинење живци... Сите влечки беа изгризани, пижамите на баба ми стално и ги земаше од жицата за сушење и и ги кинеше, пиеше штирак за пердиња, лаеше по роми.... лудило...
Од друга страна, не можеше да ни се нарадува мене и на брат ми кога ќе се вратевме од некаде...
Убаво и интелигентно куче ,ама за жал тогаш беше таков периодот што не можевме многу многу да му посветиме внимание. Само еднаш ни се окучи и роди 8 кученца. Девет години ја чувавме и на крајот се разболе многу... и така натаму...
Се викаше ПЕТИ (нормално...) Едниот дедо ја мразеше смртно пошто се му гризеше, другиот дедо и купуваше гевречиња и паштети и взаемно се обожаваа хехе... Многу глупости правеше ама бар разбираше кога е играње играчки а кога озбилна работа. Брат ми кога проодуваше се држеше за неа и се шетаа низ двор заедно... Абе.. пуф..
После не заврткав животинче низ дома.
Мачки мислев дека не сакам се додека не ја запознав мачката на девојка ми. Е , тогаш сватив дека ужасно ги мразам.
По некаква случајност мачето е хермафродит (се ми иди да го речам педофил.... брее... пу пу...), има очи како рис и е гнасен играч... од кај сите комшии оди мјаучи и бара јадење. Голема е колку бољерче и е скапана мрза. Еднаш ме има смртно преплашено, ама еднаш во двор ја начекав без газдите и и израмнив 1:1 ... ХУХУ...