Автор Тема: Fiat Stilo 1.9јтд искуства  (Прочитано 21778 пати)

Отсутен MarkoS

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 207
Одг: Fiat Stilo 1.9јтд искуства
« Одговори #15 на: 18 Февруари 2015, 12:17:08 pm »
@tupacan

Фала на деталното објаснување.  ;)

Отсутен СтилисТ

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 2
Одг: Fiat Stilo 1.9јтд искуства
« Одговори #16 на: 01 Јули 2015, 21:34:45 pm »
Јас пред некој месец правев сервис. Вака ти се цените (приближно).

Ребраст комплет сет - 5500 мкд + 1500 мкд работна рака.
Масло Selenia 4 литри (турбо дизел беше моделот, или така некако) + филтер за масло приближно 2200.
Филтрите за воздух и нафта ме фатија околу 800-1000 и двата.

Тоа е до сега што сум сменил.

За нешто помалку од 2 месеци, поминав приближно 3000км без никакви проблеми.

Не се разбирам од механика, па тоа што можам да ти кажам е дека 1.9 моторот со 115кс е повеќе од доволно моќен за нормално возење. Пример - не мора да чекаш рамнина или удолнина за да поминеш шлепер. Маана на моторот за мене е што е поприлично бучен, т.е. се слуша внатре. Има помалку или повеќе корисни функции од кои и сам ќе се изненадиш (пример, при уклучени брисачи кога убациш у рикверц, задниот брисач ти се вклучува автоматски).. стабилна е на пат.. доволно широка и комотна..

Како маана би ја навел електрониката. Кај мене си има Airbag failure што е доста чест проблем кај верзијата со 3 врати.. има по интернет туторијали како се средува (мислам дека и на форумов имаше нешто), но сеуште не сум чепкал.. чекам некој топол ден кога ќе бидам слободен.. исто јас имам проблем и со шоферската врата, т.е. компјутерот некогаш не ја регистрира како отворена.. деновиве (пошто беше потопло) забележав дека овој проблем го нема кога е топло времето, па водено може некој да каже некоја идеја до што би можело да е проблемот?

Друго, пластиките не се баш најквалитетни.. сигурно ќе слушнеш некое крцкање/тропање, посебно при ниски обратаи или кога работи во место.

Потрошувачката ја спомнав во темата, сосема солидно за моќноста на моторот - 4.5л/100км на отворено, нешто повеќе од 7л/100км градска.

Тоа е тоа што ми текнува да спомнам во моментов...

Горе доле тие се цените. Да не има некој менето предни и задни дискови и плоцни и која им е цената со се работна рака.

Отсутен onedeaf

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 64
Одг: Fiat Stilo 1.9јтд искуства
« Одговори #17 на: 10 Септември 2015, 21:26:14 pm »
Имам Стило 1.9 јтд 3 врати веке подолго време и поминав повеќе од 170.000 . Сите сервиси се направени кај овластен сервисер и од ,,потрошен материјал'' малтене се имам променето. Редовен сервис во кој спаѓаат промена на масло (претежно Селениа синтетика 5-40, а последниве пар сервиси ставам АГИП 5-40 синтетика и за мое изненадување моторот потивко преде), филтер за воздух, филтер за масло и филтер за гориво, чистење на ЕГР со средства за одмастување без демонтирање чини 3800 + 500 работна рака. Имам пробано и други масла како ЕЛФ и слични буџетари и разлика дава само во потрошувачката.
Дисковите ги променив пред повеќе од 3 години и чинеа 10.000 + 500 за гуртни поради тоа што конкретно на моето возило дисковите се дупчени со жлебови. Истите се со 5 год. гаранција.
Имам сменето амортизери (Монро) и напред и назад и чинат по 2500 денари парче со се работна рака и со 3 години гаранција.
Пред 4 ипол години имав и проблем со чаури на заден трап, ама ги послушав во сервисот и ставив малку поквалитетни и помрснички со цена на Powerflex и ме кошташе 5500 со се рака, а може да поминеш и со 2200 со се рака, ама незнам со кој квалитет се.
Филтер за полен (клима) сам си менувам и чини 250 денари во аутофилтер.
Сет каиши менувам на 3 години, континуирано ставам на гудјиер и чинат 4500 + 1200 работна рака.
Акомулатор сменив одамна и пак е за мењање ама тоа пред да зазими.
Други било какви проблеби со механика не сум имал, и не сум сервисирал иако не чекам нешто да се расипе па да го поправам.
Со електрониката во смисла на непостоечки грешки до сега не сум имал, а машала се изнавозив со колата. Едино ме нервира ми откажа далечинското од колата за што не сум нашол слободно време да претрчам до кај тале да го средат па и цена да знам.
(ЕДИТ:)далечинското го ресетираа и повторно работи, а чинеше 100 денари
Со потрошувачка е околу 5.7 низ Скопјево или со еден резервоар од 2700 денари поминувам нешто под 1200 км.
И на крај моментално користам Нексен Вингард 205/55 р16 зимски и Пирели Cинтурато П7 215/45 р17 за летни со план за наредна сезона и летните на Нексен да ги земам, зошто се доста добри за таа цена.
« Последно менување: 21 Септември 2015, 20:23:16 pm onedeaf »

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Fiat Stilo 1.9јтд искуства
« Одговори #18 на: 10 Септември 2015, 23:20:35 pm »

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Fiat Stilo 1.9јтд искуства
« Одговори #19 на: 11 Септември 2015, 10:31:19 am »
Одличен пост, само потрошувачката ми е малку прениска за низ град, ама секој со својот стил на возење. Браво!

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Fiat Stilo 1.9јтд искуства
« Одговори #20 на: 11 Септември 2015, 10:45:41 am »
Пошто го спомна „Тале“ за сервиси, ако таму ја сервисираш, он порано беше овластен, мислам дека веќе не е. Но без разлика, квалитетен сервис е, нема збор!
Задните чаури, Powerflex се квалитетни, но се прилично покрути од оригиналните кои се полни со хидраулична смеса (маст), која помага за ублажување на вибрациите и ударите од задната полукрута осовина (која тера накај крута :) ).  Јас ги сменив со оригинални FIAT-ови, ме коштаа 40-тина евра од Белград, само чаурите. Веројатно од PU чаурите ќе ти се јави и цвичење после некое време, ама и не мора да значи. Во тој случај, спас е Tutela Zeta 2 маст.

Кој мотор го возиш? Со колку кс? Со оглед на тоа дека јас со 1.4 16v сум редовоно околу 8.5л/100км во град, не би ме чудело потрошувачка на дизел од околу 6л, со малку повеќе пазење. Поготово ако е моторот со 80-тина КС.


Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен onedeaf

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 64
Одг: Fiat Stilo 1.9јтд искуства
« Одговори #21 на: 11 Септември 2015, 16:14:24 pm »
Претходно ја сервисирав кај увознициве на Фиат, ама кога ја однесов за промена на чаурите, место да ми ја сервисираат кај нив, еден пријател ми се јави дека Стилото ми е некаде во Сингелич кај некој Шљуп механичар(мислам дека така се викаше), и им раскинав доверба. Од тогаш сум кај Тале, а мислам дека моментално е официјален само за фиат. Кога преминав бев многу скептик дека тале е сервис без лобија, салони, кафич, перални, не ти дава кола па дојди по својата утре, него се е тука и работат одма, и го нема шмекот на ,,голем" сервис. Инаку во Скопјево има мал милион сервиси каде работат доста посветени мајстори и се стварно квалитетни ама проблем со нив е сервисна документација и евро-каско.
Powerflex чаурите се каде каде покрути, а ми ги препорачаа како убедливо најиздржливи, дека нашиве улици се доста груби, нерамни и со дупки.
Ако возите повеќе од 8000км годишно и те како се исплати да ставите Селенија или друго премиум масло дека од искуство тврдам дека има разлики во потрошувачката конкретно со ЕЛФ 5-40 заштедив пеесетина евра при промена ама трошеше 6,4 во просек, што претворено во разлика во гориво дојде 70 евра повеќе. Сега сум со свежо ставен АГИП и од промена до денес просекот е 5 литри, со одење до Велешко и назад во тие км.(мада е свежичко и не е баш за клима последниве 2 недели). Просекот на вкупната километража е заборавен на 5,7.
Стилото е со 1.9 јтд со 85kw(115кс) од 2005 година.



Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Fiat Stilo 1.9јтд искуства
« Одговори #22 на: 11 Септември 2015, 21:59:31 pm »
Одличен мотор, може да се каже најпогоден за Стилото. Отвори тема за Стилото и пушти некое сличе ;)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен onedeaf

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 64
Одг: Fiat Stilo 1.9јтд искуства
« Одговори #23 на: 24 Септември 2015, 19:23:35 pm »
Пошто го спомна „Тале“ за сервиси, ако таму ја сервисираш, он порано беше овластен, мислам дека веќе не е. Но без разлика, квалитетен сервис е, нема збор!
Задните чаури, Powerflex се квалитетни, но се прилично покрути од оригиналните кои се полни со хидраулична смеса (маст), која помага за ублажување на вибрациите и ударите од задната полукрута осовина (која тера накај крута :) ).  Јас ги сменив со оригинални FIAT-ови, ме коштаа 40-тина евра од Белград, само чаурите. Веројатно од PU чаурите ќе ти се јави и цвичење после некое време, ама и не мора да значи. Во тој случај, спас е Tutela Zeta 2 маст.

Кој мотор го возиш? Со колку кс? Со оглед на тоа дека јас со 1.4 16v сум редовоно околу 8.5л/100км во град, не би ме чудело потрошувачка на дизел од околу 6л, со малку повеќе пазење. Поготово ако е моторот со 80-тина КС.


Каде ги имаш променето чаурите и од каде ги нарача чаурите, пријател мој сака да ги смени ама не му се даваат повеќе од 3000, а конкретно има гледано оглас за чаури за 2500 со се промена. ОГЛАС: http://reklama5.mk/AdDetails?ad=598264
Некое искуство со нив некој да не има.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Fiat Stilo 1.9јтд искуства
« Одговори #24 на: 24 Септември 2015, 19:28:14 pm »
Оригиналните ги купив од Србија, ама би требало во АутоСК да ги има. А ми ги смени комшијата преку улица, што има сервис за подвозје - венцо се вика, ама му неам телефон, пошто никад не ми затребал :) Види onedeaf кај ги менувал, пошто 2200 е добра цена, дури и само за рака да плати.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Enzo

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 33
Одг: Fiat Stilo 1.9јтд искуства
« Одговори #25 на: 25 Септември 2015, 13:32:10 pm »
Кога сме веќе на темава, што ќе кажете за Стилово?
http://reklama5.mk/AdDetails?ad=1752400

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Fiat Stilo 1.9јтд искуства
« Одговори #26 на: 25 Септември 2015, 14:31:23 pm »
Па има миљон посто гаранција, и е со ултра дизајн...  За едно евро си вреди, среќа пишал за трампа цената е друга... :D :D

Шала на страна, вака фино личи... треба да се погледне подвозје и погон дали е све ОК....

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Enzo

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 33
Одг: Fiat Stilo 1.9јтд искуства
« Одговори #27 на: 25 Септември 2015, 20:42:02 pm »
Ха, не оти некој спомна светло плаво Стило, што рикнало со каишот, затоа прашав... Инаку одлично изгледа.

Отсутен onedeaf

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 64
Одг: Fiat Stilo 1.9јтд искуства
« Одговори #28 на: 19 Ноември 2015, 10:59:58 am »
Дали некој има менувано држач за менувач на Стилото, тоа е држачот со број 51711216. Разбрав дека доколку се смени со овој модел на држач JTD-то ќе спие и нема да пренесува вибрации во кабина дека сегашниот е укрутен и не си ја брка работата како што треба. Во АутомобилеСК ми дадоа една "скромна" цена од 10.400,оо денари, што е вон здрав разум само за делот, башка тоа што го немаат на лагер па може и до 40 дена да се чека за да го набават, а мора и депозит од 50% од цената да оставиш како гаранција (Али експрес?).
Ме интересира дали некој го има сменето кај нас, каде го остварил тоа, и колку чинело?

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Fiat Stilo 1.9јтд искуства
« Одговори #29 на: 19 Ноември 2015, 12:19:59 pm »
http://www.autoricambi.co.rs/web-prodavnica/auto-delovi/upravljanje-vesanje/vesanje-motora/nosac-motora-fiat-novi-bravo-1-6-multijet-1-9-multijet-fiat-stilo-1-9-jtd-lancia-nova-delta-1-6-multijet-51711216-46781889-51796833-11086-detail
Ако ти се оди до Србија, или некој твој оди во скоро време, прашај, сигурно ќе биде бајаги поефтино

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.