Јас пред некој месец правев сервис. Вака ти се цените (приближно).
Ребраст комплет сет - 5500 мкд + 1500 мкд работна рака.
Масло Selenia 4 литри (турбо дизел беше моделот, или така некако) + филтер за масло приближно 2200.
Филтрите за воздух и нафта ме фатија околу 800-1000 и двата.
Тоа е до сега што сум сменил.
За нешто помалку од 2 месеци, поминав приближно 3000км без никакви проблеми.
Не се разбирам од механика, па тоа што можам да ти кажам е дека 1.9 моторот со 115кс е повеќе од доволно моќен за нормално возење. Пример - не мора да чекаш рамнина или удолнина за да поминеш шлепер. Маана на моторот за мене е што е поприлично бучен, т.е. се слуша внатре. Има помалку или повеќе корисни функции од кои и сам ќе се изненадиш (пример, при уклучени брисачи кога убациш у рикверц, задниот брисач ти се вклучува автоматски).. стабилна е на пат.. доволно широка и комотна..
Како маана би ја навел електрониката. Кај мене си има Airbag failure што е доста чест проблем кај верзијата со 3 врати.. има по интернет туторијали како се средува (мислам дека и на форумов имаше нешто), но сеуште не сум чепкал.. чекам некој топол ден кога ќе бидам слободен.. исто јас имам проблем и со шоферската врата, т.е. компјутерот некогаш не ја регистрира како отворена.. деновиве (пошто беше потопло) забележав дека овој проблем го нема кога е топло времето, па водено може некој да каже некоја идеја до што би можело да е проблемот?
Друго, пластиките не се баш најквалитетни.. сигурно ќе слушнеш некое крцкање/тропање, посебно при ниски обратаи или кога работи во место.
Потрошувачката ја спомнав во темата, сосема солидно за моќноста на моторот - 4.5л/100км на отворено, нешто повеќе од 7л/100км градска.
Тоа е тоа што ми текнува да спомнам во моментов...