Имам Стило 1.9 јтд 3 врати веке подолго време и поминав повеќе од 170.000 . Сите сервиси се направени кај овластен сервисер и од ,,потрошен материјал'' малтене се имам променето. Редовен сервис во кој спаѓаат промена на масло (претежно Селениа синтетика 5-40, а последниве пар сервиси ставам АГИП 5-40 синтетика и за мое изненадување моторот потивко преде), филтер за воздух, филтер за масло и филтер за гориво, чистење на ЕГР со средства за одмастување без демонтирање чини 3800 + 500 работна рака. Имам пробано и други масла како ЕЛФ и слични буџетари и разлика дава само во потрошувачката.
Дисковите ги променив пред повеќе од 3 години и чинеа 10.000 + 500 за гуртни поради тоа што конкретно на моето возило дисковите се дупчени со жлебови. Истите се со 5 год. гаранција.
Имам сменето амортизери (Монро) и напред и назад и чинат по 2500 денари парче со се работна рака и со 3 години гаранција.
Пред 4 ипол години имав и проблем со чаури на заден трап, ама ги послушав во сервисот и ставив малку поквалитетни и помрснички со цена на Powerflex и ме кошташе 5500 со се рака, а може да поминеш и со 2200 со се рака, ама незнам со кој квалитет се.
Филтер за полен (клима) сам си менувам и чини 250 денари во аутофилтер.
Сет каиши менувам на 3 години, континуирано ставам на гудјиер и чинат 4500 + 1200 работна рака.
Акомулатор сменив одамна и пак е за мењање ама тоа пред да зазими.
Други било какви проблеби со механика не сум имал, и не сум сервисирал иако не чекам нешто да се расипе па да го поправам.
Со електрониката во смисла на непостоечки грешки до сега не сум имал, а машала се изнавозив со колата. Едино ме нервира ми откажа далечинското од колата за што не сум нашол слободно време да претрчам до кај тале да го средат па и цена да знам.
(ЕДИТ
далечинското го ресетираа и повторно работи, а чинеше 100 денари
Со потрошувачка е околу 5.7 низ Скопјево или со еден резервоар од 2700 денари поминувам нешто под 1200 км.
И на крај моментално користам Нексен Вингард 205/55 р16 зимски и Пирели Cинтурато П7 215/45 р17 за летни со план за наредна сезона и летните на Нексен да ги земам, зошто се доста добри за таа цена.