Ме интересира дали има некој да ми препорача адитив за внатрешно чистење на моторот имам проблем со хидроуличните подизачи знаат да пролупаат на повисоки обратаии и на подолги релации но не секогаш, па планирам да ставам некое средство за чистење пред промена на маслото и некое адитивче за вентили да ми препорачате со новото масло инаку се работи за опел корса б 1.0 12в ?
Имаш од Liqui Moly два вида на средства за чистење мотор, едното е окулу 280 денари а другото е окулу 800. Тоа од 280 денари се става и со него се вози 100км пред промена на маслото. другото од 800 денари се става во мотор, се остава 10 минути да работи во место и се испушта маслото. Изборот се сведува на тоа дали ти се брза промената на масло или не.
Адитивче за чистење на вентили мислиш на термичко чистење од гареж? Ако мислиш на тоа имаш исто од Liqui Moly окулу 250 денари. Се става цело шише во 50 литра гориво или пак пропорционално. Тој резервоар се вози малку поагресивно со често идење од 3500 до 4500 вртежи и работи на принцип напокачена температура на издувните гасови кои го согоруваат гарежот. Liqui Moly имаш во аутомакедонија, аутофилтер, Самад, Карнер, Хубо и бајаги други. Освен Liqui Moly имаш и од Сонакс, Wynn's и така натака