Извинете за подолгиот пост, сакам да споделам мое искуство и имам некои прашања.
Имам кола со 265000км без позната сервисна историја, колата е Мондео 2.0 ТДДИ, и го има постариот мотор пред да почне Форд со првата Common rail генерација со електрични дизни TDCI. Ја има онаа позната VP44 пумпа за гориво. Проблем со колата немам, уље не троши, потрошувачката на гориво е нормална 6Л/100км комбинирана, колата влече нормално итн. Но ме нервира што воланот повремено, не секогаш, малку тресе во лер на семафори . Додатно дознав дека претходните сопственици повремено ставале тотал 9000 5-40 уље наместо фабричкотот Форд формула 5w-30.
Досега имам користено:
-за подмачкување на Bosch Vp44 пумпата во лето користам Биодизел на Мактерол (94% евродизел,6%чист биодизел), а во зима користам двотактол бидејќи биодизелот потешко целосно согорува во зима.
-во сегашното уље имам ставено адитив од LM Mos2, и имам забележано потивка работа на моторот. Со наредна промена на уље очекувам адитивот да се исфрли и тогаш ќе ставам Ceratec кој има слично дејство и трае неколку проемни на уље.
Сега овие 2 работи сакам да ги направам:
1. Се интересирав за чистење на моторот (делот во кој има уље) со користење на Liqui Molly Motor Clean или LM Engine Flush. Лесно се користат, се ставаат во старото уље пре замена, се вози со нив 100-300км, и потоа се става ново уље и нов филтер за уље. Но читајќи разни форуми се откажав од чистење на моторот, заради следното:
- не се препорачува чистење на стар мотор бидејќи има голема можност разните нечистотии низ годините да ги исполниле шуплините (да направиле чеп) и така да ги покриле оштетувањата кои создадени низ годините. Чистењето ќе ги отвори оштетувањата и ќе направи повеќе проблеми него ќар.
- со чистењето се ослободуваат нечистотии кои можат да се заглават во одредени делови во моторот и така да направат проблем. -> Овој ризик би го преземал.
- Адитивот може да ги нагриза осетеливите заптивки на моторот. -> производителите како ЛМ цврсто стојат дека адитивите се тестирани и не прават проблем. -> И овој ризик би го преземал.
- производителите на коли/мотори не препорачуваат адитиви. -> Прозводителите не ни планираат ниту пак сакаат колите да се возат над 200000км, така да не се ни замараат во вакви работи.
Значи само заради првата причина се откажав, па решив само да сменам ново уље по спецификација 5w30, и додатно ќе ствам LM Ceratec на новото уље.
2. Чистење на дизни
Иако имаше опција да се стави адитив и директно во резервоарот за гориво мене најефикасно ми личи чистење со LM Diesel purge. Се става адитивот во сад, се исклучуваат цревата измеѓу фитлерот за гориво и бош пумпата, се ставаат цревата во садот со што фактички моторот работи само со адитивот. Веднаш потоа се става нов филтер за гориво. Целата постака ја има овде:
https://www.youtube.com/watch?v=iq_ZGh1KEecАко некој ја правел оваа постапка, треба ли да се смени нов филтер за гориво веднаш по чистењето, или треба малку да се повози со стариот па потоа да се стави нов?
Потоа на секои 2000км би правел чистење на системот на согорување со еден LM Super Diesel Additive (237 денари) директно во резервоар.