Благодарам, па и на твоја глава. 
2500 ги земав, без никаков попуст за член на carclub иако спомнав 
Исто така дома видов дека фали конекторот како на сликата..
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Прво искуство со Дог и не баш позитивно 
Здраво Passat3B,
Прво кажете ми на кого му спомнавте дека сте член на карклуб, затоа што истото на каса да сте го спомнале ќе сте добиеле 10% попуст(секој член што се има обратено бил испочитуван). Поради нашиот предвид при следната посета претставете се кај Алберто и ќе се погрижиме да го добиете она што ви следува(дали поголем попуст или поклон ќе договориме).
Како второ, не сите звучници доаѓаат со конектори во пакет или пак истите испаднале кога ви ги покажувавме звучниците. Не се секирајте, не вадиме ништо од она што ви следува со производот поготово не буксни со вредност од 2 денари. При следната посета добивате 10 буксни и 2 метра кабел гратис.
Следниот пат слободно кажете ги замерките во продавница како би се решило одма, ние гледаме да искочиме во пресрет на сите клиенти а камоли кога станува збор за карклаб членови.
Околу замерките на другите членови пак ќе повторам, доколку не сте биле задоволни од услугата сте требале да реагирате на лице место и верувам дека ќе бил решен проблемот. Но не е во ред нашата професионалност да ја исмејувате поготово не без никаква поткрепа и колку да се каже нешто.