Првпат на форумот? Добредојдовте, и погледнете ги правилата!CARclub.mk е достапен и на Facebook како и на Twitter!
Не знам дали е за во соодветна тема, но дали некој ги возел двата модели на целосезонски гуми - Continental и Goodyear (3 генерација). Ги имам возено Goodyear-от 3 генерација околу 75к км и беа добри додека не почнаа да пукаат и да лизгаат, т.е скоро 2 години. Каква е споредбата меѓу тие два модели?
Нема муабет колку е поедноставно со вакви гуми, да не речам едно гајле помалце за мислење.Да си имал посебни сетови можеби уште 1 или макс 2 години плус би ги возел, ама па дупли трошоци за гуми и плус за промена 2 пати годишно. За што возило иначе станува збор, СУВ да не беше некој?
Тоа е сосем добар резултат, да поминеш со една гума 75к км
Цитат: nestor04 на 07 Ноември 2025, 14:25:03 pmНе знам дали е за во соодветна тема, но дали некој ги возел двата модели на целосезонски гуми - Continental и Goodyear (3 генерација). Ги имам возено Goodyear-от 3 генерација околу 75к км и беа добри додека не почнаа да пукаат и да лизгаат, т.е скоро 2 години. Каква е споредбата меѓу тие два модели?На која кола помина 75 илјади километри со GY? И за колкав временски период?
После 4 години и 60000+ km, пак си купив исти гуми. Супер си поминавме до сега, и не ми се менуваше добитна комбинација, иако имаше можност да одма на друг бренд, сепак ова беше игра на сигурно. Старите гуми беа уште возливи, особено за лето, но сакав со зимска сезона да ги „почнам“. (Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Јас ги ротирам секоја есен, или еднаш годишно. Бидејки се дирекциони предните одат назад, задните напред, нема лево десно мрдање. Толку!
Таман работа на all season гуми да ги вадите гумите и да ги преместувате од еден на друг бандаж, се вади преден десен комплет и се става на задно лево тркало и обратно,.