Автор Тема: Што купивте или сакате да си купите за вашите автомобили  (Прочитано 814787 пати)

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7116
На тема ротација на гуми, за зимските што ги возам, како и секоја зимска гума си имаат стрелка за насока на движење.

Но летните гуми немаат никаква насока, ниту ознака за Inside/Outside.

Тие како да ги изротирам ? Предна лева со задна лева, а предна десна со задна десна ?


На сајт на данлоп најдов како они велат да се ротираат гуми: https://www.dunlop.eu/en_gb/consumer/learn/rotating-your-tires.html

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6984
Зимските се directional. Предна десна - задна десна, предна лева - задна лева.

Летните можеш по принцип да ги ротираш, зависно од погонот на колата (преден, заден, 4х4…).

Едит:

Имаш сѐ на сликата добро образложено.

Јас лично, ротирам согласно првата илустрација.

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7116
Па преден погон сум.
По она што го видов на сликата, предна лева ја ставам да биде задна лева. Предна десна ја ставам да биде задна десна.

Потоа задна лева ја местам да биде предна десна, а задна десна ја местам да биде предна лева.

Така е исправно ?

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6984

Јас лично, ротирам согласно првата илустрација.


Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7116
Готово јасно.
Две лета ги возев летните без ротација, сега последно кога ги заменив со зимските, приметив дека за нијанса се потрошени повеќе од задните, така да напролет ќе бидат изротирани согласно првата илустрација.

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2376
Што е убаво кога имаш staggered сетап, не се замараш со ова.

 :)

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6984
Мене ми е задоволство.

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3415
  • Хюндай Тюсон
Што знам јас последни 4 пара гуми што сум ги купил последниве 5 години без разлика дали биле зимски или летни сите биле со стрелка на ротација. Малку ми е сомнително како гума може да биде ефикасна во двете насоки со каналите за исфрлање на вода.

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7116
Кај мене летните немаат ниту стрелка на ротација, ниту пак ознака inside или outside.

А зимските си имаат насока на ротација.

Отсутен Ѓорѓи

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1446
Јас не знам дали е правилно до сеа една сезона напред ги возам една сезона назад, и летните и зимските по скоро 30.000 имаат а шарата уште е солидна

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7116
Правилно е, бидејки јас во мај 2023та ги купив летните и заклучно со ова лето три лета ги возам без ротација и приметив разлика во потрошеноста.

Затоа напролет ќе бидат изротирани.

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7663
  • French diamond
Помина времето на гуми со стелки на ротација или барем јас не сум сретнал одамна....добро можи овие кинезариите се уште со стрелки, незнам. Јас имам Goodyear и Verdestein и двата сета се без.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10598
Симетрични гуми и асиметрични гуми...и се ќе во биде појасно.

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3415
  • Хюндай Тюсон
Помина времето на гуми со стелки на ротација или барем јас не сум сретнал одамна....добро можи овие кинезариите се уште со стрелки, незнам. Јас имам Goodyear и Verdestein и двата сета се без.

Ако веќе си ги мериме станува збор за пирели, мишелин и континентал (додуша последниве немам појма што како имаат пошто не сум ги купил така стигна со нив колата од фабрика)

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7116
Помина времето на гуми со стелки на ротација или барем јас не сум сретнал одамна....добро можи овие кинезариите се уште со стрелки, незнам. Јас имам Goodyear и Verdestein и двата сета се без.

Matador Norddica ми се зимските гуми на бравото.
Еве и зимските што ги земав од Томица за фабијата на таткоми, BFGoodrich исто така се со стрелка, еве ти и слика


И сега кинезарија се Matador и BFGoodrich ?

Или чисто од ракав да се каже нешто.