Само спиралите за сега, понатаму планирам и амортизерите. Сакав прво да видам дали ќе можам да живеам со помалата оддалеченост од подлогата.
Претпоставувам дека со текот на времето стандардните спирали легнале повеќе, па колата не се спушти за 30 милиметри како што пишуваше во спецификациите на новите спирали, туку некои 15-20 милиметри. Така да опасноста за закачување се зголеми минимално.
Во возење колата стана минимално потврда, но е далеку подиректна и посталожена од претходно. Има помалку навалување во кривини и многу побрзо се смирува кога се вози на нерамен пат, бидејќи со стандардните спирали многу отскокнуваше.
Се на се, сум презадоволен од финалниот резултат.