Си купив, прво за Опелот:
- филтри за масло Hengst E611H D442, 3 парчиња, по цена од 4.33 евра парче (266,00 денари), или вкупно 12.99 евра;
- филтри за воздух Hengst E352L, 2 парчиња, по цена од 6.30 евра парче (388,00 денари), или вкупно 12.6 евра;
- филтри за гориво Hengst H110WK, 2 парчиња, по цена од 4.56 евра парче (280,00 денари), или вкупно 9.12 евра;
- филтри за полен со активни честички Kamoka 6080030, 2 парчиња, по цена од 5.84 евра парче (359,00 денари), или вкупно 11.68 евра;
- задни амортизери Bilstein B4 19-068756, 2 парчиња, по цена од 30.46 евра парче (1.873,00 денари), или вкупно 60.92 евра, и
- моторно масло Repsol Elite Evolution DX2 dexos2 5W-30, 5 литри, по цена од 2.800,0 денари.
За Зуки:
- филтри за масло Hengst H97W13, 3 парчиња, по цена од 3.61 евра парче (222,00 денари), или вкупно 10.83 евра;
- филтри за воздух Ashika 20-08-817, 3 парчиња, по цена од 2.58 евра парче (159,00 денари), или вкупно 12.64 евра;
- филтри за полен со активни честички Kamoka 6080161, 2 парчиња, по цена од 6.71 евра парче (413,00 денари), или вкупно 13.42 евра;
- сет за кумплуг Valeo 832378 (корпа, ламела и друк лагер), по цена од 108.14 евра (6.650,00 денари);
- антифриз Dynamax Cool11 G11, 3 литри (го заменив Valeo-то сино G12 за G11);
- моторно масло Fuchs Titan Syn MC 10W-40, 2 литри, по цена од 900,00 денари, и
- масло за менувач Fuchs Titan Sintofluid 75W-80, 2 литри, по цена од 590,00 денари литро, или вкупно 1.180,00 денари.
Сум се испружил доста, ама имајќи во предвид дека филтер испод 450,00 денари не сум платил тука, доста и сум заштедил. Имам за сервиси минимум за две години. Освен на филтрите, заштедив на сетот за кумплуг, едно 50 евра, а по нездравите autocentar.mk и повеќе (11.039,00 денари го продаваат, со попуст 9.383,00 денари). Прашав локално каде стално купувам делови, имаа само Luk сет, по цена од 150 евра. На амортизерите исто, едно 40-тина евра заштедив.
Имам големи очекувања од филтрите за полен, пошто по спецификација беа најдобри што daparto.de ги имаше во понуда, а да се со активни честички, не обични. Викаат дека се трослојни, со 9in1 некаква заштита од свашта. Ќе видиме по монтажа и тестирање.