Автор Тема: Што купивте или сакате да си купите за вашите автомобили  (Прочитано 614801 пати)

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7064
  • хаУс мајстор
Многу комплицирате со чистење на каналите, ако идеше оттаму миризбата нели и на обична вентилација ќе замирисуваше, оти само клима ко ќе пуштите мириса?
Мене ми остана од средството сигурно за уште еднаш, со 220ден Фалкон завршив работа.
Во секој случај и да се повторува муабетот не е ништо лошо, форумов е за дискусија. Има и луѓе што не се разбираат а сакаат да научат :)

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Јас со ниедна кола немав миризби од климата, најверојатно дека нови колите.
Меганот тераше 11та година, i10 тера 10та година, i30 тера 6та година.

Додуша Меганот последната година пред да го продадам као да сакаше да замирисува :) сметав дека е до затнатите црева за одвод од каналот за дождовница.

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
Нема врска стари/нови коли. Јас со нова кола и нов филтер направив критична грешка. Пуштив клима место вентилација и се возев и ја оставив така на крај. Од кондензација или од било што се направило влага, а таму пораснале печурките :)
Наравоучение, 5 минути пред да стигнете некаде исклучете клима, уклучете вентилација. Thank me later

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Клима не гасам, односно додека работи моторот си врти и климата. Ни печурки, ни мов.

Ќе му ја мислам како и кога да ја исклучам....немам попаметна работа.

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
Така е, ти си најпаметен. Сигурно тајните на универзумот ги решаваш, па не можеш и климата да ја мислиш.
Извини што ти реплицирав за последен пат.

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8621
  • Малерозен дрводарец
И тука ли ќе почнете да тврдеете, вие двајца?

Ај тамо кис ен мејк ап :)))
Добра плата.
Прав скопјАнец.

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
Јас пишувам мислење и искуство, па кој сака нека си примени или не. Паметните тврдат се и сешто, а јас не сум толку „паметен“.

Отсутен Astraion

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 675
  • Pixel Perfect.
Зависи колку време се возиш со клима и на колку ја држиш.
Мене пример ми е доволно на 21Ц и 1-2 фан и пред да ја угасам кога веќе не планирам да возам, дигам вентилатор на макс и ја оставам да издува 1-2 минути, таман за тоа време се нормализира температура на турбо итн.

Отсутен Boshe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5175
  • Пиши лаже
Јас 2 мин барем пред да излезам гасам клима, отворам џамови да смени воздухот. Добро, додуша тоа беше кога имав клима, последниве година дена џамовите се цело време отворени.

Sent from my Samsung S20 FE

Remember to keep yourself alive, there is nothing more important than that

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
@Astraion  @Boshe  на тоа и мислев. Некоја минута да се исклучи климата и да се стави на вентилација. Таа грешка што не уклучив вентилација ме чинеше гадна смрдеа, додека со Деттол не го решив проблемот :) Откако правам така периодов, никаков проблем

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8621
  • Малерозен дрводарец
Ај дајте друг памет... кола 7 години постара од мојата има 2 пати помоќна клима.

Јес да е помала кабината, ама сепак се познава разликата.
Дали е ова прашање на фреон шмеон или нешто друго?
Добра плата.
Прав скопјАнец.

Отсутен ivanxh

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 611
Ај дајте друг памет... кола 7 години постара од мојата има 2 пати помоќна клима.

Јес да е помала кабината, ама сепак се познава разликата.
Дали е ова прашање на фреон шмеон или нешто друго?

Не мора да значи дека е до фреонот, има врска и од бренд до бренд, на пример во секој Форд што сум влегол климата/парното биле брутални (во добар смисол).

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Ај дајте друг памет... кола 7 години постара од мојата има 2 пати помоќна клима.

Јес да е помала кабината, ама сепак се познава разликата.
Дали е ова прашање на фреон шмеон или нешто друго?

Не мора да значи дека е до фреонот, има врска и од бренд до бренд, на пример во секој Форд што сум влегол климата/парното биле брутални (во добар смисол).
Ги додавам тука и јапанци и корејци.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Ај дајте друг памет... кола 7 години постара од мојата има 2 пати помоќна клима.

Јес да е помала кабината, ама сепак се познава разликата.
Дали е ова прашање на фреон шмеон или нешто друго?
Еве мое лично искуство со голфот. Од кога го купив нов за прв пат после 5 години приметив дека климата не лади како што треба и бев фреон да ми стават. Сега еве ја работи супер последниве 2 месеца.

Во официјалниот сервис ми рекоа дека климата подложи секои 2 години на проверка и нормално е минимално да губи и треба да се дополни. Доколку треба секоја сезона да пуниш фреон ондак нешто не е во ред.


Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
На 147 климата лади одлично.

Еднаш ме фатија улајте, бев да ми проверат фреон да не фали. Не фалеше ни грам.
Изгледа тоа што е нормално да фали фреон важи за германските коли.
:D