Автор Тема: Што купивте или сакате да си купите за вашите автомобили  (Прочитано 601029 пати)

Присутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17451
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Што купивте или сакате да си купите за вашите автомобили
« Одговори #2820 на: 22 Септември 2020, 16:48:57 pm »
Кога сме тука веќе, си купив и 4 големи кружни магленки за Пежо 206 рели.

Пак ми останува да си купам Пежо 206 ;D

Имам два фара округли у подрум, имаа и пластични капаци како мрежа, ам аги фрлив...
Ако ти требаат бујрум.

Фарови или магленки, како би ги класифицирал? :)

Ако се магленки, давај, све треба :) Што нема да се искористи, ќе биде раздадено тука :)

Отсутен @ILE@

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 237
Одг: Што купивте или сакате да си купите за вашите автомобили
« Одговори #2821 на: 29 Септември 2020, 08:32:41 am »
Си купив мултимедиа за во кола од Али, 100 евра со се достава. Истата тука и во Србија ми ја нудеа за 400 евра. Доставена за точно еден месец и монтирана за приближно 3 часа без брзање. Се вклопи навистина убаво и убаво изгледа. Останува само да ја конфигурирам соодветно.




Отсутен Leonid

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 859
Одг: Што купивте или сакате да си купите за вашите автомобили
« Одговори #2822 на: 29 Септември 2020, 08:44:45 am »
Си купив мултимедиа за во кола од Али, 100 евра со се достава. Истата тука и во Србија ми ја нудеа за 400 евра. Доставена за точно еден месец и монтирана за приближно 3 часа без брзање. Се вклопи навистина убаво и убаво изгледа. Останува само да ја конфигурирам соодветно.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
За таа сума не ти наплатија царина и ддв?

Отсутен @ILE@

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 237
Одг: Што купивте или сакате да си купите за вашите автомобили
« Одговори #2823 на: 29 Септември 2020, 08:46:41 am »
Не, бидејќи продавачот од Али го имаше декларирано самиот производ како 80 евра уред и 20 евра достава, а и на пакувањето стоеше смешна сума од 19 долари :)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29604
    • CARclub.mk
Одг: Што купивте или сакате да си купите за вашите автомобили
« Одговори #2824 на: 29 Септември 2020, 08:54:55 am »
Може една поширока слика, да видиме како се вклопило во ентериерот?

Дополнително - впечатоци? Квалитет на звук, перформанси, итн?

Отсутен @ILE@

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 237
Одг: Што купивте или сакате да си купите за вашите автомобили
« Одговори #2825 на: 29 Септември 2020, 09:00:45 am »
Може една поширока слика, да видиме како се вклопило во ентериерот?

Дополнително - впечатоци? Квалитет на звук, перформанси, итн?

Првичните впечатоци се супер, добро изгледа, брзо работи, звукот е далеку подобар од старото радио (иако не сум аудиофил, сепак подобро звучи). За останатото ќе морам да го конфигурирам прво бидејќи вчера касно завршив со монтирање.
Еве слики како изгледаше претходно, а како сега. Има мало двоење на бојата, нијансата не е иста меѓутоа мене не ми смета воопшто.





Отсутен NUME

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5726
Одг: Што купивте или сакате да си купите за вашите автомобили
« Одговори #2826 на: 29 Септември 2020, 10:21:00 am »
И јас нарачав од ебај и сум презадоволен, ке начекаш некој глич со чепкање или глуп кинеско англиски али нема да ти смета..

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20107
Одг: Што купивте или сакате да си купите за вашите автомобили
« Одговори #2827 на: 29 Септември 2020, 14:37:24 pm »
Пуштете линк од некое double din радио со интересна цена, битно ми е да има аукс и евентуално блутут.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22217
Одг: Што купивте или сакате да си купите за вашите автомобили
« Одговори #2828 на: 29 Септември 2020, 14:55:33 pm »
Екраниве од Али експрес, ги прават за секој бренд/модел посебно?

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29604
    • CARclub.mk
Одг: Што купивте или сакате да си купите за вашите автомобили
« Одговори #2829 на: 29 Септември 2020, 14:57:35 pm »
Јеп, мање-више. Среќа и фабричките уреди се користат кај многу различни модели, па едно афтермаркет одговара кај повеќе.

Пуштете линк од некое double din радио со интересна цена, битно ми е да има аукс и евентуално блутут.


Кај нас одамна не сум видел. :/

Еве во Нептун - https://www.neptun.mk/categories/CD_DVD_RESIVERI/SONY-XAV-65-

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22217
Одг: Што купивте или сакате да си купите за вашите автомобили
« Одговори #2830 на: 29 Септември 2020, 15:01:30 pm »
А кој ги монтира/поврзува кај нас откако ќе ти стигнат?

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20107
Одг: Што купивте или сакате да си купите за вашите автомобили
« Одговори #2831 на: 29 Септември 2020, 15:16:29 pm »
Јеп, мање-више. Среќа и фабричките уреди се користат кај многу различни модели, па едно афтермаркет одговара кај повеќе.

Пуштете линк од некое double din радио со интересна цена, битно ми е да има аукс и евентуално блутут.


Кај нас одамна не сум видел. :/

Еве во Нептун - https://www.neptun.mk/categories/CD_DVD_RESIVERI/SONY-XAV-65-

Ептен солено, изгледа сепак ќе порачам од али.

Отсутен The-spiki

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 82
    • spiki.mk
Одг: Што купивте или сакате да си купите за вашите автомобили
« Одговори #2832 на: 29 Септември 2020, 15:20:09 pm »
Дечкото погоре веројатно сам, штом му требало неколку саати.

А може и во Vox и DogSecurity итн.

Јас благодарение на препорака СалеСК отидов до Vox (со нив се договорив за модел, дхл испорака итн) и се подновив со најновите уреди... Андроид 10, 8 цпу, 4г модем итн, уствари и многу е добро што веднаш се активни штом ја палиш колата (доколку не беше исклучена над 24х)

За локација најлесно е да се објасни дека е истата зградичка со кафана Фурна (тој средниот остров, улица Теодосиј Гологанов)
https://www.facebook.com/voxcentar
I sell frozen jogurt which i call frogurt

Отсутен @ILE@

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 237
Одг: Што купивте или сакате да си купите за вашите автомобили
« Одговори #2833 на: 29 Септември 2020, 15:35:39 pm »
Малку апдејт на моите одговори од погоре.

Мултимедиа уредот е 9 инчи (1024*600 HD) со Андроид 9.0 (2GB RAM и 32 GB ROM, CPU chip: MTK8227/ Cortex-A7). Од побитни карактеристики, има вифи, гпс, блутут, 2 USB приклучоци, опција за задна и предна камера, вграден микрофон, компатибилни команди на волан, итн.

Бидејќи долго време размислував што да правам решив да нарачам и сам да си го монтирам бидејќи е прилично едноставно барем кај мене, се вадат панелите од возачка и совозачка старана, се монтира GPS во А столбот, каблите се протнуваат и прилично едноставно е за поврзување. Најголем проблем ми беше отстранувањето на панелите, бидејќи беа ептен стегнати. Вадењето на радиото и ставање на новото е најбрзиот дел.

Присутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1782
Одг: Што купивте или сакате да си купите за вашите автомобили
« Одговори #2834 на: 29 Септември 2020, 15:46:53 pm »
Јас порачав универзално 2дин радио од Кина без андроид. Сам го монтирав со тоа што рамката и каблите си ги порачав накнадно. А кога го местев видов дека ми требаат и држачи кои ги купив од продавница која се занимава со озвучување.

Од уредот не сум нешто презадоволен, но тоа зависи и од цената (25 евра, читај беспари поради доцна испорака со коронава). Радио приемникот некогаш е добар, но некогаш знае да зафркава па звукот не е чист. Исто така нема РДС кој многу ми брка работа бидејќи често патувам. Убаво е што има слот за картичка и блутут. Но кога зборувам на блутут, не ме слушаат баш најдобро, најверојатно микрофонот е крш.

Ми пратија и камера, но не ја монтирав за да видам и тоа чудо како ќе функционира.