И јас можам да ви потврдам дека Roidmi 2s е топ, го имам 7-10 дена и сум презадоволен. Немам никакви проблеми со мешање на фрекфренција и шумови, поминанв низ неколку градови низ Македонијава наша сега за сега немам проблеми.
Е сега пошто гледам дека неколкумина веќе го имаат па да прашам. Јас имам проблем со ствање на музика во телефонот на micro SD картичката. Нешто од мп3 фајловите ми препознава телефонот али со поголем дел имам проблем. Ај да пробам да објаснам па може некој ке ми помогне. Значи пробав да си ставам мп3 музика на картичката (картичката е скорз нова), така што кога ги прфрлам фолдерите со музика некои се во ред и можам да ги слушам на мобилниот но повеќето неможам. Тлефонот е Lenovo К6, поголем дел од мп3 фајловите кога ке пробам да ги пуштам добивам инфо нешто како unable to play this file и веке следниот пат се губат и цели фолдери со музика. Едноставно ги снемува, предпоставувам софтверот за музика не ги индексира и после тоа не ги ни гледа. Пробав да видам bitrate-от различен е на сите од 192 до 320 ако не се лажам ама пак гледам дека и од тие што ги чита плеерот има со различен bitrate. Прочитав за DRM заштита ама кај мене на сите мп3 фајлови е усклучена. Исто така пробав и со форматирање на картичката и пак истото. Некој да има некоја идеа како да го решам ова.