Овие од 3-4000 ке завршат работа ? Незнам што толку им ставиле цена по 7-8000. Комплет за 2 велосипеда ке излезе 15к. QQ
И јас така мислев, па од Lidl за 30еур зедов Menabo за караван и им правев држачи за Модусот. Одлично си ја вршат работата, само што на ниски брзини свират, а на високи бучат много. Плус на тоа околу саат време за монтажа или демонтажа, па цела зимска сезона беа на кола, а оваа не ги ни ставив.
Така да кога ќе собереш нарушен комфорд и зголемена потрошувачка, не се исплаќа.
...Сакам да си земам држачи само не ми се даваат толку пари. Сепак се 2 шикпи + бренд плаќање. Ке побарам половни да видам што цена се.
Би ти препорачал да си прашаш и во овластен сервис колко се.
Предноста во наменските за возилото е тоа што можеш да ги вадиш и ставаш за 5минути без алат и да немаат фиксирани делови за колата.
Во мојот случај за астрата прашував за Thule кај некој Мики што е застапник за Македонија коштаа околу 250 еур плус китот за фиксирање за кој требаа да ми се јават за цена и ме заборавија.
Во еуро стил беа околу 7000 ден Menabo, а во аутомакедонија околу 9000 ден Opel.
Половни се движеа од 100 до 150еур(150 продаваше еден на опел и ме убедуваше дека не се оригинал во Аутомакедонија). На крај за 4500ден начекав половни Опел.
Пред 15 дена една пријателка ме замоли да и побарам носачи за мерива А, половни се движеа околу 100еур, а од Аутомакедонија Опел беа 7080ден, што не ти се исплаќа да земаш половни.
Така да прашај си во овластен, ништо не те кошта, ако не им се забегани цените зимај.