А зошто свири кај мене каишот кажете ми кога е незагреана колата? Кога е добро загреана не се слуша. Не знам дали е некој проблем, ама мене ми иде страшно на живци.
Нешто вака свири: https://www.youtube.com/watch?v=rvBOxr4aDUg
Гледам некои пробуваат со вд40, некои со вода, некои со сапун и се и сешто... Не сакам да ризикувам јас, па да прашам.
Каишот не е за менување, не е ни на пола. И кога ги сменивме нови сите каиши пак свиреше така. Кога ке дадам малку гас и задржам го снемува звукот.
дизел ти е колата или бензин?
како и да е... цвичењето на каишот на ладно, докажано е дека е уствари пролизгување.. нај често се јавува кај дизелите, на палење, па после 10-15 секунди (некад и поише, зависи од колата) прекинува... тоа е уствари периодот, додека релејот ги држи греачите вклучени. во тој момент, влече струја премногу јако и каишот по малку пролизгува на алтернаторот... и кај бензинците и кај дизелите истото се случува, кога е акумулаторот веќе ослабен. има снага за да завергла и запали, ама е осетно ослабен, па на палење алтернаторот работи со полно оптеретување, додека да го подосвежи малку...
и во двата случаи (мотори) кога ке призагрее моторот, ке подомекне каишот и ке почне поубаво да лепи на шајбната па ке престане да квичи...
а тоа турање сапуни, пудри, вд 40 и незнам ти што не е никакво решение. не ретко некој ке ти рече дека каишот ти е лабав, затоа е тоа така.. ами што прајме кај колите што имаат автоматски затегнивач? еве и кај мене има.. претходниот каиш, нов новцат, почна да цвичи лани зимо, кога залади..
вистинскиот одговор е ДА НЕ КУПУВАШ ЕВТИНИ КАИШИ... или ако не е евтин, барем да не зимаш не проверен бренд... цвичењето е до каишот и неговиот квалитет, и до ништо друго...