Ајде момци се надам во вас дека ке помогнете... имам проблем веќе со месеци кој ме нервира ми оди да го откорнам цело тркало... бев кај двајца мајстори ми проверуваа гумици вртеја волани чуда што не праеја и ми викаат дека се е во ред се е стегнато не крцка ништо и ме праат будала дека нема шанси да чука ништо дека јас со ушите мој само слушам тоа.
И ете снимив на телефон се слуша како тропка тупо чукање звукот излегува од десната страна и со затворени прозори бев и се слуша јако со отворени исто се слуша се вртев одоздола од страна дали е некоја пластика некој штраф се е стегнато чак и пластиките ги престегнував и пак се јавува овој звук НА ИЗВОЗЕНИ ПОВЕЌЕ КИЛОМЕТРИ односно кога ќе се загрее колата да речеме после саат возење многу повеќе се засилува звукот а од сабајле палим возим поминувам покрај калдрмата не се слуша многу скоро ич не се појавува звукот , а кога ќе се вратам од пат да речеме 30 км што го поминувам и кога ќе поминам на калдрмата се јавува звукот речиси три пати погласно. амортизацијата е одлична значи само по калдрма ме дупи.
Што може да е проблемот што мислите како што ми кажаа претходно тука лежечи на амортизер ама механичарот ми рече имал другар со исто пунто за лежечите ама за да биде тоа треба кога вртиш воланот лево десно да чука кај мене не чука ништо...амортизерот не пушта течност сув е.. стабилизатор сменив и пак ми чука.. што е ќе полудам на нерви ми оди.
линк за звукот:
http://www65.zippyshare.com/v/yM41FEXj/file.html