Корсата ја возел вујко ми, наеднаш ми протропало нешто застанал, оставена беше неколку дена кај рандом мајстор за да не се плаќа шлеп до Бт.
Денес се јави мајсторот во ред било се останато, проблемот е, летнала свеќица и го оштетила цел навој и бобина, требало да се режи нов или на лице место ако се најди некој или да се вади се да се носи.
Јас за ваква работа првпат слушам, шо би можело да е причина за толкав притисок да се собери во цилиндар да избие свеќица ? Да не треба нешто друго да проверам, да не се повтори проблемот пак после режење на навој. Колата работеше супер претходно и на бензин и на плин, апсолутно никаков проблем немало никогаш.