Автор Тема: Прашања и одговори.  (Прочитано 2846786 пати)

Отсутен ddarkovski

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 3
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #13245 на: 10 Март 2024, 22:53:57 pm »
Здраво на сите!

Нов сум на форумот, пробав да пребарам по темите - успеав да најдам само еден контакт за мајстор за Тојота. Ѓоко во Ѓорче - 078344885, неколку пати вртам бројот е недостапен.

На кратко, се работи за проблем со Toyota RAV4 2.0 4WD Автоматик - 2009 - Бензин/Плин.

Купен е кај нас во Toyota го имам од 90,000 км, проблемот се јави на 165,000.
При секое стартување на панелот се јавуваат Check engine, VSC и ABS сијалички.
Моментално користам OBDII Bluetooth адаптер им правам clear на грешките (P0171 ; P1578 ; C1201) и до следно палење е ок.
Сменив свеќици иридиум, кабли за свеќици, MAF сензор за воздух, нема разлика.
Од сервиси бев во Toyota - рекоа дека е од плинот и немаат решение..
Ацо во Маџари - Не кажа што е проблемот само дека многу ќе коштало, не се исплати. Да ја возам вака.
Уште неколку локални сервиси ги бришеа грешките на компјутер и тоа е тоа.

Колата скоро ја возев 3000км до Словенија и назад, со избришани грешки нема никаков проблем со работењето.
*Приметив дека на бензин, при напнување (угорница се вози над 4000 обртаи) знае да го јави истото па да се изгаси, на плин не се палат воопшто до следно палење на колата.

Доколку има некој совет или контакт од добар мајстор/сервис за Toyota, би го замолил да сподели.

Однапред благодарам.

Поздрав

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5264
  • The Spartan General
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #13246 на: 11 Март 2024, 08:33:04 am »
Набрзина што прочитав какви грешки се:
P0171 - Бедна смеса. Многу воздух, малку гориво. Ама се појавува и со комбинација на P1578 (затоа што веројатно е врзана за вакуум пумпата, пошто ВВТИ нема природен вакуум во усис и користат посебна пумпа).
P1578  - Проблем во системот за кочење.
C1201 - ВЦС системот (контрола на тракција е исклучена).

Тие три грешки може да бидат од еден проблем, а може да бидат и комбинација од повеќе проблеми.

Јас прво би ги проверил релејите и осигурачите поврзани со системот за кочење и со контрола на тракција (вклучително и сијалиците позади за кочници).
Второ, би го проверил главниот цилиндар за глицерин дали функционира нормално, и по потреба би го заменил.

Второ би ја проверил вакуум пумпата која уствари ти помага да имаш убаво и меко кочење (врзана е со главниот цилиндар за глицерин) дали функционира.

Трето, за бедната смеса: Прво да не прима од некаде фалш воздух по усисот. Второ, проверка на сензор за проверка на количина на воздух (народно Луфтмасер сензор) во усисна грана. Трето, проверка на ламбда сонди пред и после катализатор дали даваат точни вредности и промена ако е потребно.
Коли на плин им треба почеста проверка/менување поради повисоки температури на издувни гасови на плин.

Четврто: Компјутер (ама тоа е ептен ретка појава).

пс. Те откачиле од сите сервиси затоа што не им се замара со дијагностицирање/проверки и читање сервисни упатства за фабричките вредонсти и интервали за волтажа, проток на воздух, количина на кислород во издувни гасови и слични параметри во компонентите кои ги напишав погоре.

Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3521
  • Хюндай Тюсон
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #13247 на: 11 Март 2024, 08:43:34 am »
Тоа со вса кај јапонците нема врска со реалната грешка. Кај хонда јавува при проблем со мисфајр дава вса грешка. Кај тојота при проблем со дпф дава вса грешка. Се убаво тоа што напиша само јас би тргнал од обратна насока. Она за лоша смеса треба прво да го провери.,

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5525
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #13248 на: 11 Март 2024, 10:07:47 am »
Здраво на сите!

Нов сум на форумот, пробав да пребарам по темите - успеав да најдам само еден контакт за мајстор за Тојота. Ѓоко во Ѓорче - 078344885, неколку пати вртам бројот е недостапен.

На кратко, се работи за проблем со Toyota RAV4 2.0 4WD Автоматик - 2009 - Бензин/Плин.

Купен е кај нас во Toyota го имам од 90,000 км, проблемот се јави на 165,000.
При секое стартување на панелот се јавуваат Check engine, VSC и ABS сијалички.
Моментално користам OBDII Bluetooth адаптер им правам clear на грешките (P0171 ; P1578 ; C1201) и до следно палење е ок.
Сменив свеќици иридиум, кабли за свеќици, MAF сензор за воздух, нема разлика.
Од сервиси бев во Toyota - рекоа дека е од плинот и немаат решение..
Ацо во Маџари - Не кажа што е проблемот само дека многу ќе коштало, не се исплати. Да ја возам вака.
Уште неколку локални сервиси ги бришеа грешките на компјутер и тоа е тоа.

Колата скоро ја возев 3000км до Словенија и назад, со избришани грешки нема никаков проблем со работењето.
*Приметив дека на бензин, при напнување (угорница се вози над 4000 обртаи) знае да го јави истото па да се изгаси, на плин не се палат воопшто до следно палење на колата.

Доколку има некој совет или контакт од добар мајстор/сервис за Toyota, би го замолил да сподели.

Однапред благодарам.

Поздрав
Pisi mi poraka ako sakas preporaka za dobar mehanicar/plinar

Sent from my Pixel 7 Pro using Tapatalk


Отсутен ddarkovski

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 3
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #13249 на: 11 Март 2024, 11:56:03 am »
Фала на детален одговор.

Ќе проверам се што сте навеле.
Веројатно ќе одам по обратен редослед.
Јас се сомневам на смесата, нешто околу вбризгување на плин а можно е и бензин.
Инаку да, сменив и ламбда сонди.

Доколку го решам проблемот, ќе јавам!

Поздрав

Набрзина што прочитав какви грешки се:
P0171 - Бедна смеса. Многу воздух, малку гориво. Ама се појавува и со комбинација на P1578 (затоа што веројатно е врзана за вакуум пумпата, пошто ВВТИ нема природен вакуум во усис и користат посебна пумпа).
P1578  - Проблем во системот за кочење.
C1201 - ВЦС системот (контрола на тракција е исклучена).

Тие три грешки може да бидат од еден проблем, а може да бидат и комбинација од повеќе проблеми.

Јас прво би ги проверил релејите и осигурачите поврзани со системот за кочење и со контрола на тракција (вклучително и сијалиците позади за кочници).
Второ, би го проверил главниот цилиндар за глицерин дали функционира нормално, и по потреба би го заменил.

Второ би ја проверил вакуум пумпата која уствари ти помага да имаш убаво и меко кочење (врзана е со главниот цилиндар за глицерин) дали функционира.

Трето, за бедната смеса: Прво да не прима од некаде фалш воздух по усисот. Второ, проверка на сензор за проверка на количина на воздух (народно Луфтмасер сензор) во усисна грана. Трето, проверка на ламбда сонди пред и после катализатор дали даваат точни вредности и промена ако е потребно.
Коли на плин им треба почеста проверка/менување поради повисоки температури на издувни гасови на плин.

Четврто: Компјутер (ама тоа е ептен ретка појава).

пс. Те откачиле од сите сервиси затоа што не им се замара со дијагностицирање/проверки и читање сервисни упатства за фабричките вредонсти и интервали за волтажа, проток на воздух, количина на кислород во издувни гасови и слични параметри во компонентите кои ги напишав погоре.

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2194
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #13250 на: 11 Март 2024, 13:09:32 pm »
Да видиш да се чуеш со дечково од лисиче има доста познавање на разни области ако се нафати, и по објавиве доста зарлични проблематики чепка (искуство сум немал од муабети што сум слушал)
https://www.instagram.com/servis.vag/

Присутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2642
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #13251 на: 11 Март 2024, 18:03:26 pm »
Dali ima nekoj vo Makedonija shto nosi/uvezuva Recaro sedishta?

Отсутен Ordevski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2087
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #13252 на: 12 Март 2024, 22:36:04 pm »
Ајде пријатели искуства со GMP Italia бандажи, дали се добри или да барам половни БМВ оригинали? Се разбира, може и предлози за други.

Sent from my SM-S908E using Tapatalk


Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2395
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #13253 на: 12 Март 2024, 23:05:40 pm »
Половни оргинал, за бмв има мислам најголем избор.

Отсутен R2D2

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 687
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #13254 на: 12 Март 2024, 23:59:24 pm »
@Ordevski моја препорака за Мак (ги имаше во Аутомакедонија). По форумов доста ги фалеа како со добар квалитет и добра цена...
https://www.makwheels.it/en/configurator/#469758335!61BCD40
Шкода Октавиа 1.5 ТСИ, (А8 2020) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,24484.0.html
Mercedes A160 (W168) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,2269.0.html

Отсутен zvonkog

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1085
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #13255 на: 13 Март 2024, 08:59:58 am »
Ајде пријатели искуства со GMP Italia бандажи, дали се добри или да барам половни БМВ оригинали? Се разбира, може и предлози за други.

Sent from my SM-S908E using Tapatalk



Јас ги возам моментално GMP Atom 19' , немам некое лошо искуство, баш напротив...ама да бидам искрен нит смрди нит мирише.
Некако секогаш сум бил повеќе за оригинални од брендот на колата.

Отсутен Ordevski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2087
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #13256 на: 13 Март 2024, 09:11:06 am »
@Ordevski моја препорака за Мак (ги имаше во Аутомакедонија). По форумов доста ги фалеа како со добар квалитет и добра цена...
https://www.makwheels.it/en/configurator/#469758335!61BCD40
Благодарам, не ми текна на нив, на старата кола таков беше зимскиот сет.
Ајде пријатели искуства со GMP Italia бандажи, дали се добри или да барам половни БМВ оригинали? Се разбира, може и предлози за други.

Sent from my SM-S908E using Tapatalk



Јас ги возам моментално GMP Atom 19' , немам некое лошо искуство, баш напротив...ама да бидам искрен нит смрди нит мирише.
Некако секогаш сум бил повеќе за оригинални од брендот на колата.
Благодарам, ќе пробаме оригинали да се најдат, има време до ноември :)

Sent from my SM-S908E using Tapatalk


Отсутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3847
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #13257 на: 13 Март 2024, 09:11:51 am »
Каде може да се најде да се купи она како украс ротирачко авионче што се врти само ?
You have to start with the truth. The truth is the only way that we can get anywhere. Because any decision-making that is based upon lies or ignorance can't lead to a good conclusion.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11176
  • Ќybriт Pro Max
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #13258 на: 13 Март 2024, 09:27:44 am »
Ајде пријатели искуства со GMP Italia бандажи, дали се добри или да барам половни БМВ оригинали? Се разбира, може и предлози за други.

Sent from my SM-S908E using Tapatalk


зимскиот сет мене ми се на GMP
реномирана марка е и не се бави со реплики

јас кога барав не можев да најдам соодветни ОЕМ, а тие што ги најдов за да заличат колку толку, испаѓаа поскапи од нови

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20400
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #13259 на: 13 Март 2024, 11:55:25 am »
Кој ги продава GMP?