Здраво на сите!
Нов сум на форумот, пробав да пребарам по темите - успеав да најдам само еден контакт за мајстор за Тојота. Ѓоко во Ѓорче - 078344885, неколку пати вртам бројот е недостапен.
На кратко, се работи за проблем со Toyota RAV4 2.0 4WD Автоматик - 2009 - Бензин/Плин.
Купен е кај нас во Toyota го имам од 90,000 км, проблемот се јави на 165,000.
При секое стартување на панелот се јавуваат Check engine, VSC и ABS сијалички.
Моментално користам OBDII Bluetooth адаптер им правам clear на грешките (P0171 ; P1578 ; C1201) и до следно палење е ок.
Сменив свеќици иридиум, кабли за свеќици, MAF сензор за воздух, нема разлика.
Од сервиси бев во Toyota - рекоа дека е од плинот и немаат решение..
Ацо во Маџари - Не кажа што е проблемот само дека многу ќе коштало, не се исплати. Да ја возам вака.
Уште неколку локални сервиси ги бришеа грешките на компјутер и тоа е тоа.
Колата скоро ја возев 3000км до Словенија и назад, со избришани грешки нема никаков проблем со работењето.
*Приметив дека на бензин, при напнување (угорница се вози над 4000 обртаи) знае да го јави истото па да се изгаси, на плин не се палат воопшто до следно палење на колата.
Доколку има некој совет или контакт од добар мајстор/сервис за Toyota, би го замолил да сподели.
Однапред благодарам.
Поздрав