Па да има фабричка толеранција, ама е многу далеку засега од таа фабричка толеранција.
Според таа толеранција да така е, 10 литри масло на сервисен интервал би му се фатило (5 собира и 5 дотура)
Моментално му е 5 собира, 2,5 дотура, 7,5 литри. Далеку е сеуште.
Башка никој не зема во предвид дека 90% од моторите во возилава барем од еден дихтунг пропуштаат уље. И тоа придонесува во таа потрошувачка на уље.
Значи не станува збор само за потрошувачка, туку е потрошувачка+течење на уље комбинирано.
Јас кога ја имав идеално задихтувано фелицијата, дотурав 1 литро на 3000 км.
Ама пошто имаше два глупи дихтунзи, еден одма под свекиците имаше капак за кој ама букванлно немаше никаква функција, а другиот беше бензинската пумпа.
И колку сакаш менувај, стегај, онади, од тие места секогаш ми течеше уље. И на крај се откажав од нивно средување, утепував по пар саати работа за после 2 дена пак да тече уље.
Два пати сменив и бензинска пумпа, и еднаш од тие менувања иако нова, ми истече само од тој дихтунг 800 мл масло за 230 км отворен пат.