Благодарам за сугестиите, не е некоја енормна потрошувачка на масло, некои 2,5 л на 10.000 км, ама сепак не ми е сеедно, а не ми е сеедно и да е така валкано кај тоа црево што иде во клапната. На следниот сервис ќе барам попрецизна дијагностика на проблемот за да знаеме што да се прави.
Да не те паничам, ама...
Ова е ДЕФИНИЦИЈА за енормна потрошувачка на уље. Остај фабричка толеранција, како ќе си ги заштитат корпоративните газови... И кај мене во сервисната е 0.6 на 1000 километри, ама нек се ебат во газ. Веќе ми е сеедно, пошто колата веќе си го одживува векот полека, и да дојде до таа потрошувачка, ама од нова да ми трошеше 0.6 на 1000 километри и да требаше да се тепам со овластениве, ја полевам со бензин пред овластен и чкорчето. Шо ќе ми е кога троши повеќе уље од бензин?
Проста математика - 0.5 на 1000 километри, на интервал на замена на 5000 (!), ти се 2.5 литри.
На 10000, ти се 5 литри. Ако капацитетот е 4.5 литри, ондак чуму сервисен интервал? Само дотураш, а пошто е стално свежо уљето, и филтер нема потреба да менуваш.
Трошокот - на 10000 километри ти даваш пари за два мали сервиси (еднаш си "сменил" 4.5 литри, и после дотураш 5).
Замарањето? Ќе дигам шипка на секое палење? Од кај да знам, може па и текнало да си ја зголеми потрошњата преку ноќ?
Не знам, ама... Јас со таква потрошувачка на уље не би се помирил.