Автор Тема: Прашања и одговори.  (Прочитано 2796538 пати)

Присутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7379
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #12660 на: 25 Октомври 2023, 08:11:44 am »
Скептик сум за второто, ама тоа со цревото пената ти е прескапо, има поефтини опции.

Дај предлог, само овие ми се појавија на carbox кога пребарував за клима.

https://carbox.mk/product/cistac-za-klima-falcon-500ml-97013/

Ова?

Па истото го имам, кога ми јаве и мене миризба, на следно менување кабински филтер, си прснав од ова пред и после испарувачот од климата. Немам смрдеа од тогаш, ама на секое менување на филтерот го правам третманот, за 3 пати ми стигна едно средство. Сега треба друго да купувам за месец.

Ако не прсниш кај шо треба и пробиотското нема да фати.  ;D

Eве ти од Вурт и К2 имаш дури:
https://eshop.wurth.com.mk/freshclean-chistach-i-osvezhuvach-na-klima-sistemi
https://www.akom.mk/products/k2-klima-doktor-dezinfekcija-na-klima

Отсутен Diesel

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7001
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #12661 на: 25 Октомври 2023, 09:01:17 am »
Благодарам за сугестиите, не е некоја енормна потрошувачка на масло, некои 2,5 л на 10.000 км, ама сепак не ми е сеедно, а не ми е сеедно и да е така валкано кај тоа црево што иде во клапната. На следниот сервис ќе барам попрецизна дијагностика на проблемот за да знаеме што да се прави.

Да не те паничам, ама...

Ова е ДЕФИНИЦИЈА за енормна потрошувачка на уље. Остај фабричка толеранција, како ќе си ги заштитат корпоративните газови... И кај мене во сервисната е 0.6 на 1000 километри, ама нек се ебат во газ. Веќе ми е сеедно, пошто колата веќе си го одживува векот полека, и да дојде до таа потрошувачка, ама од нова да ми трошеше 0.6 на 1000 километри и да требаше да се тепам со овластениве, ја полевам со бензин пред овластен и чкорчето. Шо ќе ми е кога троши повеќе уље од бензин?

Проста математика - 0.5 на 1000 километри, на интервал на замена на 5000 (!), ти се 2.5 литри.

На 10000, ти се 5 литри. Ако капацитетот е 4.5 литри, ондак чуму сервисен интервал? Само дотураш, а пошто е стално свежо уљето, и филтер нема потреба да менуваш.

Трошокот - на 10000 километри ти даваш пари за два мали сервиси (еднаш си "сменил" 4.5 литри, и после дотураш 5).

Замарањето? Ќе дигам шипка на секое палење? Од кај да знам, може па и текнало да си ја зголеми потрошњата преку ноќ?

Не знам, ама... Јас со таква потрошувачка на уље не би се помирил.

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7266
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #12662 на: 25 Октомври 2023, 11:11:57 am »
Благодарам за сугестиите, не е некоја енормна потрошувачка на масло, некои 2,5 л на 10.000 км, ама сепак не ми е сеедно, а не ми е сеедно и да е така валкано кај тоа црево што иде во клапната. На следниот сервис ќе барам попрецизна дијагностика на проблемот за да знаеме што да се прави.

Да не те паничам, ама...

Ова е ДЕФИНИЦИЈА за енормна потрошувачка на уље.


1 литро уље на 1000-1500 км дотурав на фелицијата. Тоа во каква дефиниција на потрошувачка на уље влегува ? ;D

Башка грешна ти е математиката. човекот вика 2.5 литри на 10 000 км, а не на 5000 км како што му пресметуваш.

Отсутен mac_mk

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 116
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #12663 на: 25 Октомври 2023, 11:15:20 am »
Овие БоМи имаат и вулканизер у склоп на сервисот или само со центрирање работат?

Sent from my SM-G980F using Tapatalk


Отсутен Diesel

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7001
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #12664 на: 25 Октомври 2023, 11:18:07 am »
Благодарам за сугестиите, не е некоја енормна потрошувачка на масло, некои 2,5 л на 10.000 км, ама сепак не ми е сеедно, а не ми е сеедно и да е така валкано кај тоа црево што иде во клапната. На следниот сервис ќе барам попрецизна дијагностика на проблемот за да знаеме што да се прави.

Да не те паничам, ама...

Ова е ДЕФИНИЦИЈА за енормна потрошувачка на уље.


1 литро уље на 1000-1500 км дотурав на фелицијата. Тоа во каква дефиниција на потрошувачка на уље влегува ? ;D

Башка грешна ти е математиката. човекот вика 2.5 литри на 10 000 км, а не на 5000 км како што му пресметуваш.

Бензинот и чкорчето. Во таа влегува.

Не ми е грешна... Имало фабричка толеранција од 0.5 на 1000 километри. Математиката е правена врз основа на фабричката толеранција.

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7266
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #12665 на: 25 Октомври 2023, 11:24:57 am »
Па да има фабричка толеранција, ама е многу далеку засега од таа фабричка толеранција.
Според таа толеранција да така е, 10 литри масло на сервисен интервал би му се фатило (5 собира и 5 дотура)

Моментално му е 5 собира, 2,5 дотура, 7,5 литри. Далеку е сеуште.

Башка никој не зема во предвид дека 90% од моторите во возилава барем од еден дихтунг пропуштаат уље. И тоа придонесува во таа потрошувачка на уље.
Значи не станува збор само за потрошувачка, туку е потрошувачка+течење на уље комбинирано.

Јас кога ја имав идеално задихтувано фелицијата, дотурав 1 литро на 3000 км.
Ама пошто имаше два глупи дихтунзи, еден одма под свекиците имаше капак за кој ама букванлно немаше никаква функција, а другиот беше бензинската пумпа.

И колку сакаш менувај, стегај, онади, од тие места секогаш ми течеше уље. И на крај се откажав од нивно средување, утепував по пар саати работа за после 2 дена пак да тече уље.

Два пати сменив и бензинска пумпа, и еднаш од тие менувања иако нова, ми истече само од тој дихтунг 800 мл масло за 230 км отворен пат.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6395
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #12666 на: 25 Октомври 2023, 11:42:18 am »
Како се вика за саух на енглески  ?


Sent from my iPhone using Tapatalk
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7266
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #12667 на: 25 Октомври 2023, 11:47:58 am »
Choke.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6395
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #12668 на: 25 Октомври 2023, 11:52:27 am »
Фала, brain freeze ми се задеси ,  еден ден го мислев.


Sent from my iPhone using Tapatalk
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен fuzzjaw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 551
  • Alfa Romeo Giulietta 1.4TB
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #12669 на: 25 Октомври 2023, 13:24:11 pm »
Клабери, кај да барам штрафови за тркала? Ќе извадам еден после за да ја видам главата дали е полукружна или конусна, и да измерам димензија, ама штрафовите ми се 'рѓосани, би сакал да земам нови. Барам квалитетна варијанта, не најефтиното во Аутолидер и сличните.

Присутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7379
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #12670 на: 25 Октомври 2023, 13:26:21 pm »
1 литро уље на 1000-1500 км дотурав на фелицијата. Тоа во каква дефиниција на потрошувачка на уље влегува ? ;D

На труење, стави го ауспухот вкабина да видиш шо фрлаш назад.

Присутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18148
  • Giulietta QV 1750 TBi
    • Instagram
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #12671 на: 25 Октомври 2023, 13:31:02 pm »
Клабери, кај да барам штрафови за тркала? Ќе извадам еден после за да ја видам главата дали е полукружна или конусна, и да измерам димензија, ама штрафовите ми се 'рѓосани, би сакал да земам нови. Барам квалитетна варијанта, не најефтиното во Аутолидер и сличните.

По салоните за гуми, би рекол примарно во Мотоцентар провери. А и во овластен не би било лошо да се праша, може да изненадат...
What I daily drive (and daily fix):
2012 Alfa Romeo Giulietta QV 1750 TBi | 230hp 🍀

Отсутен Dule_

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3076
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #12672 на: 25 Октомври 2023, 13:34:08 pm »
Клабери, кај да барам штрафови за тркала? Ќе извадам еден после за да ја видам главата дали е полукружна или конусна, и да измерам димензија, ама штрафовите ми се 'рѓосани, би сакал да земам нови. Барам квалитетна варијанта, не најефтиното во Аутолидер и сличните.
Пиши му на прчот

Sent from my Mi Note 10 Lite using Tapatalk


Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7266
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #12673 на: 25 Октомври 2023, 23:29:21 pm »
1 литро уље на 1000-1500 км дотурав на фелицијата. Тоа во каква дефиниција на потрошувачка на уље влегува ? ;D

На труење, стави го ауспухот вкабина да видиш шо фрлаш назад.

Ретко се вози, затоа и ја сменив бидејки не се иплаќаше и ремонт, чини од 400 евра нагоре, а нема да престане да троши уље. Јбг фабрички е таков тој мотор, малку да го прегрееш докај 100 степени и ги преебува уљените карики.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6965
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #12674 на: 25 Октомври 2023, 23:35:56 pm »
Убо е за кола да не се замараш, на крајот на денот си фрлил пари ко за 15 години поново возило и на крај почнуваат ситници да ти сметаат, и тоа нема крај. Како loop во програмирањето. Имаше мој роднина астра ф, нојата беше прелоша, некаде дупче, лак фалеше секаде, браниците ги мачкавме со четка, ама му правеше ќеф, ентериерот беше топ(ја чистеше два пати дневно внатре надвор), и моторот беше топ додека не почна син му да ја вози секој ден по 200. Добро е што на време му текна да ја продаде поради лоши карики, инаку ќе си ја возеше така и масло ќе си дотураше. Почна во последно време страшно да троши масло и си носеше туба Ликви Моли во гепек.