Автор Тема: Прашања и одговори.  (Прочитано 2860024 пати)

Отсутен vladok

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 18
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #12645 на: 24 Октомври 2023, 09:02:53 am »
не ми се пали сијаличката за грејач на поло вох и не пали возилото
помош за автоелектричар кој би дошол кај возилото за да провери и да се види што е

Ви благодарам

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2946
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #12646 на: 24 Октомври 2023, 10:14:20 am »
Дали знае некој ова црно мрсно црево за што е, се работи за 1,5 дци Сеник/Меган, се мислам до него е тоа што ми е валкано така и што ми трошката масло малку повеќе во последно време:

Своерачен потпис ;)

Присутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2991
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #12647 на: 24 Октомври 2023, 10:37:19 am »

Отсутен nestor04

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7038
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #12648 на: 24 Октомври 2023, 10:45:37 am »
Тука стои клапната. Ти троши многу масло поради карики или лоша турбина.
https://www.drive2.ru/l/553035658147397651/#comments
https://www.drive2.ru/l/483748283655651546/

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2946
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #12649 на: 24 Октомври 2023, 14:26:37 pm »
Благодарам за сугестиите, не е некоја енормна потрошувачка на масло, некои 2,5 л на 10.000 км, ама сепак не ми е сеедно, а не ми е сеедно и да е така валкано кај тоа црево што иде во клапната. На следниот сервис ќе барам попрецизна дијагностика на проблемот за да знаеме што да се прави.
Своерачен потпис ;)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55348
  • Махер
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #12650 на: 24 Октомври 2023, 14:28:56 pm »
не е некоја енормна потрошувачка на масло, некои 2,5 л на 10.000 км
Како, како?

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20400
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #12651 на: 24 Октомври 2023, 14:34:29 pm »
Скептик сум за второто, ама тоа со цревото пената ти е прескапо, има поефтини опции.

Дај предлог, само овие ми се појавија на carbox кога пребарував за клима.

https://carbox.mk/product/cistac-za-klima-falcon-500ml-97013/

Ова?

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2946
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #12652 на: 24 Октомври 2023, 14:38:26 pm »
не е некоја енормна потрошувачка на масло, некои 2,5 л на 10.000 км
Како, како?
За мене се над 1 л во 10.000 км би било зголемена потрошувачка, ама со оглед на км и годините на колата, како и фабричката толеранција за 0,5 л на 1000 км, мислам дека е во граници на нормала.
Своерачен потпис ;)

Отсутен nestor04

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7038
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #12653 на: 24 Октомври 2023, 15:32:21 pm »
До некаде е нормална потрошувачка, но не задоволувачка.
Над 3л/10.000км е веќе алармантно.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15265
  • Пудингот на шоферството
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #12654 на: 24 Октомври 2023, 16:52:00 pm »
3л не дотурав во камионот кој собира 42л масло и сервисен интервал на 80.000Ккм со мотор кој имаше изминато 1 130 000км...
Ако на кола која собира 5л масло е нормално на 10 000км да дотуриш 2-3л,тогаш немаш потреба од промена на масло,само дотурај и менувај маслен филтер.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6425
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #12655 на: 24 Октомври 2023, 17:00:40 pm »
4.5 литри бери тој мотор, ќе уштедиш на бакарни шајбни за долу, само дотурај чим ти се гледа нормално.


Sent from my iPhone using Tapatalk
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен nestor04

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7038
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #12656 на: 25 Октомври 2023, 00:22:48 am »
0.5-0.6л на 4500км дали е нормално за мотор кој од фабрика е предвиден да троши (максимум) до 0.6л/1000км?

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1938
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #12657 на: 25 Октомври 2023, 00:59:27 am »
0.5-0.6л на 4500км дали е нормално за мотор кој од фабрика е предвиден да троши (максимум) до 0.6л/1000км?

Нормално, што е поголемо пола литар на 4500 км или пола литар на 1000 км? Значи до 4500 км по фабрика може да троши и до 2.25 литри

Отсутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7436
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #12658 на: 25 Октомври 2023, 08:11:44 am »
Скептик сум за второто, ама тоа со цревото пената ти е прескапо, има поефтини опции.

Дај предлог, само овие ми се појавија на carbox кога пребарував за клима.

https://carbox.mk/product/cistac-za-klima-falcon-500ml-97013/

Ова?

Па истото го имам, кога ми јаве и мене миризба, на следно менување кабински филтер, си прснав од ова пред и после испарувачот од климата. Немам смрдеа од тогаш, ама на секое менување на филтерот го правам третманот, за 3 пати ми стигна едно средство. Сега треба друго да купувам за месец.

Ако не прсниш кај шо треба и пробиотското нема да фати.  ;D

Eве ти од Вурт и К2 имаш дури:
https://eshop.wurth.com.mk/freshclean-chistach-i-osvezhuvach-na-klima-sistemi
https://www.akom.mk/products/k2-klima-doktor-dezinfekcija-na-klima

Отсутен Diesel

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7003
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #12659 на: 25 Октомври 2023, 09:01:17 am »
Благодарам за сугестиите, не е некоја енормна потрошувачка на масло, некои 2,5 л на 10.000 км, ама сепак не ми е сеедно, а не ми е сеедно и да е така валкано кај тоа црево што иде во клапната. На следниот сервис ќе барам попрецизна дијагностика на проблемот за да знаеме што да се прави.

Да не те паничам, ама...

Ова е ДЕФИНИЦИЈА за енормна потрошувачка на уље. Остај фабричка толеранција, како ќе си ги заштитат корпоративните газови... И кај мене во сервисната е 0.6 на 1000 километри, ама нек се ебат во газ. Веќе ми е сеедно, пошто колата веќе си го одживува векот полека, и да дојде до таа потрошувачка, ама од нова да ми трошеше 0.6 на 1000 километри и да требаше да се тепам со овластениве, ја полевам со бензин пред овластен и чкорчето. Шо ќе ми е кога троши повеќе уље од бензин?

Проста математика - 0.5 на 1000 километри, на интервал на замена на 5000 (!), ти се 2.5 литри.

На 10000, ти се 5 литри. Ако капацитетот е 4.5 литри, ондак чуму сервисен интервал? Само дотураш, а пошто е стално свежо уљето, и филтер нема потреба да менуваш.

Трошокот - на 10000 километри ти даваш пари за два мали сервиси (еднаш си "сменил" 4.5 литри, и после дотураш 5).

Замарањето? Ќе дигам шипка на секое палење? Од кај да знам, може па и текнало да си ја зголеми потрошњата преку ноќ?

Не знам, ама... Јас со таква потрошувачка на уље не би се помирил.