Автор Тема: Прашања и одговори.  (Прочитано 1989836 пати)

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5959
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #11760 на: 08 Април 2023, 08:58:30 am »
Од Opel Autostar тврдат дека е првата и дека е иста за двата мотори, денес ќе ја извадам заштитната пластика од другиот мотор да проверам, но чекам да ми потврдите.
Едит:Lendikom и локална продавница го потврдија истото.
Чекам мислење од форумов и порачувам.
Инаку логички гледано ознаката на мојот мотор е 20E63245 и би требало да одговара првата пумпа бидејќи буквата Е е помала(пред) буквата U, односно 20Е63245<20U75998.
« Последно менување: 08 Април 2023, 19:11:57 pm nestor04 »

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5959
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #11761 на: 09 Април 2023, 22:54:23 pm »
Препорака за марка на водна пумпа?
Избрав HEPU бидејќи секаде ја кажуваат како најдобра со метална конструкција и мислам дека е ОЕМ за VW и други германски возила.
Колку би коштала промената отприлика?
Како пример би ја дал цената за промена на цевката која поминува низ цел мотор, односно главна цевка која носи антифриз низ деловите на моторот (хладњак и сл.) (кој видел знае) уште наречена "труба", за неа има 4-5 часа работа, треба вадење клапни, замарање со црева од плин и сл.
Мајсторот ми наплати 1500 ден работна рака.
И дали ќе издржи водната пумпа до Лерин и назад бидејќи се слуша лагерот, но си работи и лади перфектно?
Маршер смени нов сет ребраст, но ја остави водната пумпа бидејќи според него била здрава, но мајсторот каде што одам вели дека "има почеток" водната пумпа и пожелно е да се смени кога се менува сет ребраст бидејќи новите делови ја "затегаат" старата водна пумпа и почнува да капи.
« Последно менување: 09 Април 2023, 23:00:58 pm nestor04 »

Присутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5623
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #11762 на: 11 Април 2023, 23:41:19 pm »
Шо можи да има цркосано на корсата,  на лев жмигавец тродупло побрзо почна да штрака. Мислев изгоре сијалица,  ама сите три светат, дури ми се чини како посилно спрема десната страна. Ми нема логика релето да е неисправно оти ваљда двете страни ќе штракаа безвезе.

Sent from my Redmi 4X using Tapatalk

Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43791
  • Il Moderatore
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #11763 на: 11 Април 2023, 23:43:50 pm »
Ќе ти цркне една сијаличка наскоро. Видовит сум. Или корсата е ;D

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5959
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #11764 на: 11 Април 2023, 23:54:17 pm »
Прво пробај со нови сијалици, ако не е до тоа пиши пак ќе ти кажам до што е.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10488
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #11765 на: 13 Април 2023, 03:12:06 am »
Расипана е :)

Отсутен vladimir_1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1087
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #11766 на: 13 Април 2023, 23:43:42 pm »
Изгледа  полека полека пушта душа ламелата на алфата. Неколку пати во 6та има прошлајфовано и почна да треси на секое тргнување и ко ке ја враќам од 3та во 2ра исто затресва. Е сега планот е да се донеси од ЕУ цел коплет со се замаец пошто е повтин скоро 150е од кај нас, еве и линк од производот, по код на мотор одговара со собраќајната (937А5000) пиши и кај мене е сега има ризик нешто друго да е различно? Некој поупатен во оваа работа можи да кажи мислење или совет

https://www.autodoc.de/valeo/7938139

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3907
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #11767 на: 13 Април 2023, 23:48:37 pm »
Си проверил како се со понуда www.setkvacila.rs ?

Кога стапуваш со нив у контакт, ти даваат понуда по број на шасија...

Sent from my Xiaomi 12x

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5959
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #11768 на: 13 Април 2023, 23:58:33 pm »
Изгледа  полека полека пушта душа ламелата на алфата. Неколку пати во 6та има прошлајфовано и почна да треси на секое тргнување и ко ке ја враќам од 3та во 2ра исто затресва. Е сега планот е да се донеси од ЕУ цел коплет со се замаец пошто е повтин скоро 150е од кај нас, еве и линк од производот, по код на мотор одговара со собраќајната (937А5000) пиши и кај мене е сега има ризик нешто друго да е различно? Некој поупатен во оваа работа можи да кажи мислење или совет

https://www.autodoc.de/valeo/7938139

На грчката е поевтино, башка ако купуваш од таму може да ти пуштам код со кој добиваш и ти 10€ и јас 😉
Ама мислам ако порачуваш од тука да почекаш кога ќе има појаки попусти.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17562
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #11769 на: 14 Април 2023, 10:27:21 am »

Симни ДОБАР адблокер за твојот пребарувач, и почни да ја користиш странава секогаш кога ти треба точен part number за било кое возило од Фиат групација:

https://www.pekidi.com/

Куцаш број на шасија и добиваш каталог на делови што се вградувале само за тој број на шасија.

Сајтов е малце фрустрирачки за користење зошто често знае да се ресетира на почетна страна, ама мене ме има спасено од многу трчање и замарање :)

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6884
  • French diamond
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #11770 на: 14 Април 2023, 11:32:09 am »
Изгледа  полека полека пушта душа ламелата на алфата. Неколку пати во 6та има прошлајфовано и почна да треси на секое тргнување и ко ке ја враќам од 3та во 2ра исто затресва. Е сега планот е да се донеси од ЕУ цел коплет со се замаец пошто е повтин скоро 150е од кај нас, еве и линк од производот, по код на мотор одговара со собраќајната (937А5000) пиши и кај мене е сега има ризик нешто друго да е различно? Некој поупатен во оваа работа можи да кажи мислење или совет

https://www.autodoc.de/valeo/7938139

На грчката е поевтино, башка ако купуваш од таму може да ти пуштам код со кој добиваш и ти 10€ и јас 😉
Ама мислам ако порачуваш од тука да почекаш кога ќе има појаки попусти.
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

410€ е моментално тука, за комплет сет со дмф замаец то е одлична цена.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5959
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #11771 на: 14 Април 2023, 11:51:04 am »
Да, цената е доста подобра отколку кај нас, секој ден се менуваат цените, некогаш треба да се зачекаат добри попусти над 40% барем патот да излези "гратис" до соседниве држави.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17562
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #11772 на: 16 Април 2023, 15:57:53 pm »
Знае некој каде точно е дуќанот што продава кедери за коли? Ако има јунак, нека ми пушти локација.

Дојде време да ја средам полицата што ми тропа ;D

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7067
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #11773 на: 16 Април 2023, 16:52:54 pm »
Изгледа  полека полека пушта душа ламелата на алфата. Неколку пати во 6та има прошлајфовано и почна да треси на секое тргнување и ко ке ја враќам од 3та во 2ра исто затресва. Е сега планот е да се донеси од ЕУ цел коплет со се замаец пошто е повтин скоро 150е од кај нас, еве и линк од производот, по код на мотор одговара со собраќајната (937А5000) пиши и кај мене е сега има ризик нешто друго да е различно? Некој поупатен во оваа работа можи да кажи мислење или совет

https://www.autodoc.de/valeo/7938139

Бидејќи си од БТ, мислам дека Србија не е баш логистички поволно за тебе.
Инаку имаме тема тума за порачки од setkvacila, имам пишано и јас искуство за од таму з мојата 147 8в 115кс

Јас исто сменив сет Валео, што поради тврд кумплуг, што поради тресење на тргнување. Како што кажа еден клабер, првото стиснување кумплиг по менување, ќе пробиеш со нога од што си бил навикнат сила да употребуваш...
Тресењето се реши, ама само привремено, по 2 години, пак некако почна.
Пролизгување немало ни претходно ни по промената.
Механичарот рече дека од стариот сет, потисната и лагерот биле  отидени, за замаецот не беше сигурен, ламелата била добра.

Како и да е, веќе престанав да се замарам, од што и како е, барем сега знам дека се сменети...
Инаку, деловите беа оргинал, замаецот од Италија, сетот од Турција. Иначе сменив пред 8 години, сам земав деловите од Прешево, сосе повратот на ДДВ ми испадна 315е и покрај тоа што доставувачот сигурно ме украде некои 10е. Во СК ќе ме чинеше мин 600 е

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #11774 на: 16 Април 2023, 17:04:12 pm »
Знае некој каде точно е дуќанот што продава кедери за коли? Ако има јунак, нека ми пушти локација.

Дојде време да ја средам полицата што ми тропа ;D

До нлб банка во бутел, како подрумски дел е.
пинг @Vlatce-Vectra , он зимаше брзо, може и да сменил локација човекот.
Никогаш не вели никогаш.