Изгледа полека полека пушта душа ламелата на алфата. Неколку пати во 6та има прошлајфовано и почна да треси на секое тргнување и ко ке ја враќам од 3та во 2ра исто затресва. Е сега планот е да се донеси од ЕУ цел коплет со се замаец пошто е повтин скоро 150е од кај нас, еве и линк од производот, по код на мотор одговара со собраќајната (937А5000) пиши и кај мене е сега има ризик нешто друго да е различно? Некој поупатен во оваа работа можи да кажи мислење или совет
https://www.autodoc.de/valeo/7938139
Бидејќи си од БТ, мислам дека Србија не е баш логистички поволно за тебе.
Инаку имаме тема тума за порачки од setkvacila, имам пишано и јас искуство за од таму з мојата 147 8в 115кс
Јас исто сменив сет Валео, што поради тврд кумплуг, што поради тресење на тргнување. Како што кажа еден клабер, првото стиснување кумплиг по менување, ќе пробиеш со нога од што си бил навикнат сила да употребуваш...
Тресењето се реши, ама само привремено, по 2 години, пак некако почна.
Пролизгување немало ни претходно ни по промената.
Механичарот рече дека од стариот сет, потисната и лагерот биле отидени, за замаецот не беше сигурен, ламелата била добра.
Како и да е, веќе престанав да се замарам, од што и како е, барем сега знам дека се сменети...
Инаку, деловите беа оргинал, замаецот од Италија, сетот од Турција. Иначе сменив пред 8 години, сам земав деловите од Прешево, сосе повратот на ДДВ ми испадна 315е и покрај тоа што доставувачот сигурно ме украде некои 10е. Во СК ќе ме чинеше мин 600 е