@Silvester јас имам возено месец дена А3ка 2006та 2.0 140кс со брзини, со 3 врати и е од-лич-но. Моќноста е сосема доволна со оглед на големината на возилото
Седечката положба е доста ниска, воланот е прилично прецизен, а брзините се кратки и многу е погодна за патување ако си сам или со уште една личност.
Назад малку е тврда суспензијата, тоа се должеше и 17ките кои ги носеше тогаш. Озвучувањето има одлични ниски тонови, а климатроникот си работи совршено иако на допир е малку евтино бидејќи е како потенциометар.
Од сите голфови најмалку ми се допаѓа 5ката бидејќи е баш таков како трупка назад и имам впечаток дека е тромав.
Еден период сериозно го размислував Аудито да го земам наредно после алфата бидејќи ми влегува во буџет.