Секојдневно возам Фиеста 2006 година, а 147ката ја возам само во викенд (не ми е викенд кола, само такви се околностите

). Така да, ако купам ауди 2006 година, уствари ќе возам кола од исто годиште, единствено што ќе биди една класа поголема и демек (500к извозен) премиум возило.
Можеби не е разумна постапкава но така одлучив, што не значи дека така ќе постапам на крај.
Моментално не сакам понова и поголема кола бидејќи немам гаража, а страшно ми одат по нерви гребаници од паркинзиве. Затоа сега барам преодна хечбек кола за 2-3 год макс. После може да улета и седан/(интересен) караван.
Еден период имав W211ка и многу ми беше проблем со паркинзиве низ градов. Секаде задницата стрчи, не секаде паркинзите се направени за толкави возила и многу често си добиваше гребаници. Кога ќе се опремам со гаража можи да се размислува за поасолна кола.
Ти на што би преминал после 147ката?