Друже според мене се митови 2.0 канти дека се..
Јас до пред некое време бев загреан за ауди 8Р, стрикно 2.0 тди, дури најдов една по мој ќеиф(3врати, с-лине пакет, полукожни седишта, шибер, 170 коња) ама човекот несакаше да ја прифати доплатата па го баталив, у меѓу време со коронава се случија некои збрки па баталив...
Бивши колега има исто а3 2.0 тди спортбек, го шина од возење(ама буквално), ден денес е ептен задоволен, му нудеа и а6ки и бмв5 за замена не го смени, вика коњаче ми е, практично, доволно брзо, економично, ефтино за одржување
Поентата ми е глеј што ти прави ќеиф, а верувај дека 2.0 тди е многу издржлив мотор ако е редовно сервисиран, што во моментов е мачка во вреќа...
Совет: земи некој добар мајстор со тебе, нека го види и он, ама не ојле-дојле, саглам некој, ако даде зелено светло пазари се...
Sent from my iPhone using Tapatalk