Автор Тема: Прашања и одговори.  (Прочитано 1955795 пати)

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #8700 на: 04 Август 2020, 15:39:42 pm »
Дечки на стариот му се појави проблем на Пежо 307 1.6хди,откако ќе ја стартуваш колата снемува серво,така мене ми се случи оваа пред некој 2 месеци во Велес и по некој 2км се управи сама,денес на стариот тоа се случило,гледав нема казанче за серво течност (не најдов) освен си помислив да не е заедничко казанчето со кочениците (мада не би требало)...тоа ми текнува од прва дека нема доволно течност во казанчето,друго може да е отидена серво пумпата...ако знае некој како да проверам серво течноста нека пише.

Sent from my VTR-L09 using Tapatalk



Истиот проблем ми се појави на Полото, во фаза сум на решавање.

Провери: алтернатор, акумулатор, осигурувачи или некое реле. Смени ја или дотури ако фали течност во резервоарот (не е точно дека ако е електрично серво, нема течност). Исчисти ги контактите на самата пумпа, и тие што излегуваат од пумпата со контакт спреј.

А за проверка, самото капаче од резервоарот има шипка.

Ако е електрично сервото, нема течност.

Не е точно. И на Астрата и на Полото е електрично сервото, и двете имаат резервоар со течност.

ЕДИТ:

https://youtu.be/1GvwVVeNh_s

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5856
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #8701 на: 04 Август 2020, 16:55:27 pm »
Го гледав видеото уште пред 2 месеца мене кога ми направи така но не најдов казанче за дотур на течност.Прочитав дека тоа се случувало  кога доагала поголема струја/напон и компјутерот ги исклучува потрошувачите во случај на оштетување,веројатно тука лежи проблемот...

Sent from my VTR-L09 using Tapatalk


Отсутен DMirceski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 200
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #8702 на: 04 Август 2020, 23:21:37 pm »
дечки сте помогнале мн.пати се надевам и сега
се случи следново имам идес удирам некое животно со 140км на сеатов во ист момент на компјутер се појавуваат црти наместо температура и х др.ситнурии дигам хауба модулот виси сиот парчосан дали може да се запали инсталација и сл.доколку продолжам со вожња
ви благодарам
Good Year

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #8703 на: 04 Август 2020, 23:29:35 pm »
Ако си некаде по темници, по неосветлени магистрални или автопати, тргај се од таму ради своја безбедност, стигни до некоја населба, бензинска, што и да е.

Пред да тргаш, разгледај и размрдај модули што висат да видиш дали ќе се појави искрење. Ако имаш опција извади го конекторот од модулот и види дали работи колата.

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7076
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #8704 на: 05 Август 2020, 00:19:10 am »
дечки сте помогнале мн.пати се надевам и сега
се случи следново имам идес удирам некое животно со 140км на сеатов во ист момент на компјутер се појавуваат црти наместо температура и х др.ситнурии дигам хауба модулот виси сиот парчосан дали може да се запали инсталација и сл.доколку продолжам со вожња
ви благодарам
Ако е само сензорот за температура не би требало да имаш проблем, ако гледаш голи жици тогаш пробај да изолираш и да стигнеш до дома.

Отсутен DMirceski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 200
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #8705 на: 05 Август 2020, 00:26:18 am »
нп. измотав со изолирбан неможев да го истргам од штек се е ок фала
че ви пишам накнадно
« Последно менување: 05 Август 2020, 11:21:40 am DMirceski »
Good Year

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6445
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #8706 на: 05 Август 2020, 10:01:09 am »
Ако е електрично сервото, нема течност.

Не е точно. И на Астрата и на Полото е електрично сервото, и двете имаат резервоар со течност.

ЕДИТ:

https://youtu.be/1GvwVVeNh_s

Појма немам брат како е на астра или полото твое, или било која друга кола. Само еве да научам нешто, да прашам, кај мене е вака:
- steering column (како го викате ова, серво? електрично е кај мене, нема течност)
- steering rack (ова летва се вика? во неа имам течност, а има механички летви?)





Отсутен antibiotic1

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 302
  • МАЗДАШ
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #8707 на: 05 Август 2020, 11:23:02 am »
ВО прилеп еден човек ми покажа членска клишка незнам од која фирма беше за помош на пат. Ми вика за 500денари членство годишно каде и да ти се расипе колата во мк те шлепаат .  Е сега незнам ништо повеќе детали за ова бидејки незнаеше да ми каже. Ме интересира дали во Скопје има некоја ваква фирма а да не е цената плафон оти со кола од 2005та поарно е да си има човек вакво нешто.
Old Mazda's never die, they just get faster.

Отсутен DMirceski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 200
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #8708 на: 05 Август 2020, 11:24:36 am »
Не ми падна на памет дека може е електрично....има некако да се утврди дека е електрично?

Good Year

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #8709 на: 05 Август 2020, 11:26:37 am »
@antibiotic1 дап, јас во Автоконтрол (станицата за технички преглед) имам таква картичка, ми важи цела година, до наредна регистрација и ми се нашла еднаш досега.

Мислам дека можеш двапати во текот на една година да ја искористиш бесплатно картичката, така им е полиса на користење. И те носи шлепот каде сакаш, не мора назад во нивната станица за технички преглед, може и кај некој твој механичар пример, може и дома да ти ја остави :)

Отсутен antibiotic1

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 302
  • МАЗДАШ
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #8710 на: 05 Август 2020, 11:30:21 am »
@antibiotic1 дап, јас во Автоконтрол (станицата за технички преглед) имам таква картичка, ми важи цела година, до наредна регистрација и ми се нашла еднаш досега.

Мислам дека можеш двапати во текот на една година да ја искористиш бесплатно картичката, така им е полиса на користење. И те носи шлепот каде сакаш, не мора назад во нивната станица за технички преглед, може и кај некој твој механичар пример, може и дома да ти ја остави :)

Ама ова за другите градови важи ?
Old Mazda's never die, they just get faster.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6445
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #8711 на: 05 Август 2020, 11:36:36 am »
1000ден во АМСМ, до 200км повратно и други (неискористливи) работи имате за Класик членство.

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #8712 на: 05 Август 2020, 11:39:29 am »
@antibiotic1 ако прашуваш за колата, ќе ти ја земат од било кое место во Македонија, а ако прашуваш за достава на колата до другите градови, не сум баш сигурен како им е тоа организирано

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #8713 на: 05 Август 2020, 18:05:41 pm »
Здраво дечки,

Мој другар бара авто електричар во Скопје што работи со систем за централно заклучување на колата, дали знаете некој да препорачате?

Поздрав

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5856
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #8714 на: 05 Август 2020, 18:13:45 pm »
Дог сеќурити.

Sent from my BLN-L21 using Tapatalk