Автор Тема: Прашања и одговори.  (Прочитано 2846802 пати)

Отсутен 386ka

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 945
  • Am386 DX/DXL-40
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #8685 на: 02 Август 2020, 08:58:23 am »
Мене ми беше потребно држач за релиња. За осигурувачи, може и некако да се импровизира со било каква кутија и држачи за осигурувачи, кои можат да се најдат тука.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10612
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #8686 на: 02 Август 2020, 14:17:28 pm »
Татко ми некни се "борел" со воланот и ја скршил рачката за жмигавци, тоа го решив, односно ја залепив.
Кај механизмите и контактите за жмигавци и брисачи имаше маст (не е никогаш отворено од 1977). Ја избришав за да можам поубаво да работам.

При рака имам само графитна маст, може ли да ставам од неа?

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 45226
  • Il Moderatore
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #8687 на: 02 Август 2020, 15:11:27 pm »
Татко ми некни се "борел" со воланот и ја скршил рачката за жмигавци, тоа го решив, односно ја залепив.
Кај механизмите и контактите за жмигавци и брисачи имаше маст (не е никогаш отворено од 1977). Ја избришав за да можам поубаво да работам.

При рака имам само графитна маст, може ли да ставам од неа?

Причекај, не ставај графитна. Најди маст за пластични делови, обично базирана на силиконски компоненти.
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

There’s nothing better than driving a car you fixed

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10612
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #8688 на: 02 Август 2020, 16:53:34 pm »
Татко ми некни се "борел" со воланот и ја скршил рачката за жмигавци, тоа го решив, односно ја залепив.
Кај механизмите и контактите за жмигавци и брисачи имаше маст (не е никогаш отворено од 1977). Ја избришав за да можам поубаво да работам.

При рака имам само графитна маст, може ли да ставам од неа?

Причекај, не ставај графитна. Најди маст за пластични делови, обично базирана на силиконски компоненти.
ОК, додека купам ќе се занимаваме со прегорени сијалички од инструмент таблата :)

Отсутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7432
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #8689 на: 02 Август 2020, 17:33:44 pm »
И литиумска можиш вика интернетот.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10612
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #8690 на: 02 Август 2020, 17:45:14 pm »
И литиумска можиш вика интернетот.
Фала ти, најверојатно ова ќе го купам, бензинските си работат да не чекам да поминат празнициве :)
https://www.makpetrol.com.mk/Motorni-Masla/259

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1838
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #8691 на: 03 Август 2020, 01:41:09 am »
Имав проблеми со линискиот каиш, ми свиреше при ладен мотор, а кога ќе достигнеше работна температура, се си беше во ред.

Бидејќи ме нервираше тоа така да ми прави, го сменив каишот и шајбната на радилица. После недела дена возење увидов дека свири константно, независно дали ладен или загреан мотор, дали лер или во брзина, цело време свири уште погласно од претходно.

Некој да имал слична мака како оваа?

П. С. @Mikius за пластични делови е малку поспецифично, баш ги растурав фиокчињата на Алфата напред и видов дека се пластични запчаници кои се движат по шина. Еден посилен или поостар потег и толку им е душата на пластичните делови. Користев машинска маст и се помина во најдобар ред.

Присутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18199
  • Giulietta QV 1750 TBi
    • Instagram
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #8692 на: 03 Август 2020, 09:13:43 am »
Имав проблеми со линискиот каиш, ми свиреше при ладен мотор, а кога ќе достигнеше работна температура, се си беше во ред.

Бидејќи ме нервираше тоа така да ми прави, го сменив каишот и шајбната на радилица. После недела дена возење увидов дека свири константно, независно дали ладен или загреан мотор, дали лер или во брзина, цело време свири уште погласно од претходно.

Некој да имал слична мака како оваа?

П. С. @Mikius за пластични делови е малку поспецифично, баш ги растурав фиокчињата на Алфата напред и видов дека се пластични запчаници кои се движат по шина. Еден посилен или поостар потег и толку им е душата на пластичните делови. Користев машинска маст и се помина во најдобар ред.

Провери ги и другите ролери и затегачи, и ако каишот оди и на компресорот за клима и серво пумпата.

Каишот ќе свири ако некоја од тие работи не се движи со иста брзина како другите (ќе пролизгува на ролерот наместо да врти).
What I daily drive (and daily fix):
2012 Alfa Romeo Giulietta QV 1750 TBi | 230hp 🍀

Отсутен Johnny625

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 195
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #8693 на: 03 Август 2020, 12:35:17 pm »
Имав проблеми со линискиот каиш, ми свиреше при ладен мотор, а кога ќе достигнеше работна температура, се си беше во ред.

Бидејќи ме нервираше тоа така да ми прави, го сменив каишот и шајбната на радилица. После недела дена возење увидов дека свири константно, независно дали ладен или загреан мотор, дали лер или во брзина, цело време свири уште погласно од претходно.

Некој да имал слична мака како оваа?

П. С. @Mikius за пластични делови е малку поспецифично, баш ги растурав фиокчињата на Алфата напред и видов дека се пластични запчаници кои се движат по шина. Еден посилен или поостар потег и толку им е душата на пластичните делови. Користев машинска маст и се помина во најдобар ред.


Не ти се можда во линија сите ременици. Една да е повнатре или понадвор издадена малку доволно е да свири.

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6107
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #8694 на: 04 Август 2020, 12:33:50 pm »
Дечки на стариот му се појави проблем на Пежо 307 1.6хди,откако ќе ја стартуваш колата снемува серво,така мене ми се случи оваа пред некој 2 месеци во Велес и по некој 2км се управи сама,денес на стариот тоа се случило,гледав нема казанче за серво течност (не најдов) освен си помислив да не е заедничко казанчето со кочениците (мада не би требало)...тоа ми текнува од прва дека нема доволно течност во казанчето,друго може да е отидена серво пумпата...ако знае некој како да проверам серво течноста нека пише.

Sent from my VTR-L09 using Tapatalk


Отсутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7432
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #8695 на: 04 Август 2020, 13:03:09 pm »
Ако е електрично сервото, нема течност.

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6107
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #8696 на: 04 Август 2020, 13:15:03 pm »
Не ми падна на памет дека може е електрично....има некако да се утврди дека е електрично?

Sent from my BLN-L21 using Tapatalk


Отсутен Slipknot

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 73
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #8697 на: 04 Август 2020, 14:23:54 pm »
Dali nekoj ima kontakt od placevi sto rasturaat koli za delovi?Se raboti za Golf 5 1.6 FSI mi treba instalacijata od kompjuterot do sensorite, nemozam nigde da najdam.Fala vi

Отсутен Diesel

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7003
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #8698 на: 04 Август 2020, 15:39:42 pm »
Дечки на стариот му се појави проблем на Пежо 307 1.6хди,откако ќе ја стартуваш колата снемува серво,така мене ми се случи оваа пред некој 2 месеци во Велес и по некој 2км се управи сама,денес на стариот тоа се случило,гледав нема казанче за серво течност (не најдов) освен си помислив да не е заедничко казанчето со кочениците (мада не би требало)...тоа ми текнува од прва дека нема доволно течност во казанчето,друго може да е отидена серво пумпата...ако знае некој како да проверам серво течноста нека пише.

Sent from my VTR-L09 using Tapatalk



Истиот проблем ми се појави на Полото, во фаза сум на решавање.

Провери: алтернатор, акумулатор, осигурувачи или некое реле. Смени ја или дотури ако фали течност во резервоарот (не е точно дека ако е електрично серво, нема течност). Исчисти ги контактите на самата пумпа, и тие што излегуваат од пумпата со контакт спреј.

А за проверка, самото капаче од резервоарот има шипка.

Ако е електрично сервото, нема течност.

Не е точно. И на Астрата и на Полото е електрично сервото, и двете имаат резервоар со течност.

ЕДИТ:

https://youtu.be/1GvwVVeNh_s

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6107
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #8699 на: 04 Август 2020, 16:55:27 pm »
Го гледав видеото уште пред 2 месеца мене кога ми направи така но не најдов казанче за дотур на течност.Прочитав дека тоа се случувало  кога доагала поголема струја/напон и компјутерот ги исклучува потрошувачите во случај на оштетување,веројатно тука лежи проблемот...

Sent from my VTR-L09 using Tapatalk