Имав проблеми со линискиот каиш, ми свиреше при ладен мотор, а кога ќе достигнеше работна температура, се си беше во ред.
Бидејќи ме нервираше тоа така да ми прави, го сменив каишот и шајбната на радилица. После недела дена возење увидов дека свири константно, независно дали ладен или загреан мотор, дали лер или во брзина, цело време свири уште погласно од претходно.
Некој да имал слична мака како оваа?
П. С.
@Mikius за пластични делови е малку поспецифично, баш ги растурав фиокчињата на Алфата напред и видов дека се пластични запчаници кои се движат по шина. Еден посилен или поостар потег и толку им е душата на пластичните делови. Користев машинска маст и се помина во најдобар ред.