Некој ќе прочита дека нема потреба да смени глицерин и по 10тина години ќе смени плочки и ќе се чуди зошто не му е папучата како кога ја купил нова колата и ќе купува други, трети плочки.
И јас на почетокот на возачкиот стаж сметав дека нема потреба да се смени глицеринот.
Еве малку историја.
Со југото, купи овакви, купи онакви плочки, никако да ја дотерам кочницата да ми биде како на почеток кога го купив. Си возев така со години како со полу серво. Купив поскапи плочки (не се сеќавам, ваљда Ремса), ај да легнат, џабе.
Отидов на крај кај Мирко, се сомневав во сервото. разгледува човекот, се е одлично. Ме прашува кога сум сменил глицерин. Му одговарам, зарем се менува? Еее, сине
Го смени глицеринот, топ чувството на папуча.
Кога го купив Типото 10 години старо, немав проблем со кочници но веднаш кај него да смени плочки/гуртни и се што треба. Го задржав 5 години, не пипнав ништо за тоа време.
Со Меганот на големиот сервис (60.000км) повторно ме фати Влашка жичка и не сменив глицерин, за по 2 години да почнувам да осеќам поинаква папуча и потврдо квачило.
Сменив глицерин и се препороди колата.
Со Симката, не му се мешам на стариот околу одржувањето, фатив да ја возам во 2016 (веќе опишав на претходна страна) и кога треба појако да кочам како да нема гризење. Отворивме дома, плочките речиси нови, дисковите веќе знаевме дека се фабричките.
Отидов кај Мирко да се консултирам околу промена/набавка на дискови. Дисковите иако стари, немаа некои големи неправилности, за набавка малку покомплицирано...
Сменивме глицерин бидејки стариот не се сеќаваше кога последен пат го сменил.
Веднаш се осети подобрување.
Верувам дека кога би се смениле и дисковите подобрувањето ќе биде позначително.
Сега, ако некој ако го чита ова, ќе знае дека глицеринот е пожелно да се смени барем еднаш на 10 години.