@Luki Junior , како сопственик на W204 compressor, можеш да кажеш искуство од прва рака како се движи потрошувачка на масло? Загреан сум за C200K и наидов на неколку форуми поплаки дека си троши моторот масло, според сервисно упатство било наведено и до 0.8 литри на 1000км дека се толерира.
Има вистина во ова, како е кај тебе?
Да знам ако одам на W204-ка што да очекувам 
Досега сум менувал три пати масло (на 15к километри). Разликата меѓу мин/макс на шипката е околу два литри. И на трите менувања шипката беше измеѓу 3/4 и макс, кое му доаѓа околу 200-400мл за 15к километри според груба преценка потрошено масло. Од ден први вози со 0в-40 Мобил1. Сеа дали ќе се зголеми или не, не знам. Дали тоа се смета во потрошувачка на масло, исто не знам. И јас читав за голема потрошувачка на масло по форумите, ама најчест пример беше Ц180, а не Ц200 компресор. И тогаш ме беше страв, ама сепак се престрашив и мислам дека не згрешив.
Во сервисното упатство пишува таква работа за да се осигура мерцедес, а не да ти е убаво на тебе како сопственик. Дури и во долгиот тест на Автобилд си го полнеа редовно масло, но го вртеа јуначки до 400к километри и мислам дека тестот сеуште трае. Dauertest w204 Autobild и ќе ти излезе тестот.