Најпрво здраво на сите и се извинувам што прв пост ми е всушност прашање.
Имам Пежо 307, пукна шофершајбна... Сменав во Едел пром претходна недела, ставив pilkington која ми кажаа дека е топ и дека ќе ја наместат како што треба.
Друга опција беше кинеска XYG која е 120 евра наспроти таа што ја ставив која ме кошташе 190 евра.
Проблемот е што има преливање или диоптрија на стаклото од некои си 3-4 сантиметри преку цела шофершајбна кое до душа е сосем долу над ниво на брисачот. Се јавив рекламирав, затоа што и тоа спаѓало под гаранција, ми рекоа дојди да ја видиме не би требало да биде така особено кога е pilkington во прашање.
Денес отидов ја гледаа, па ме убедуваа дека не ми смета тоа, па дека огромна била шофершајбната, дека имало кривина, па и дека и фабричните некои биле такви, и друга да ставеле ќе бидело можеби исто...
На крај ми понудија да ми стават XYG и да ми вратат 70 евра, или да си ја возам оваа ваква и да не се гледам баш таму. Нема можност за друга pilkington од непознати причини, а исто ми кажаа дека и кинеската можеби ќе прави проблем.
Некаков совет?