Ај малку израдувајте ме..
Станува збор за 2 литра турбо дизељ. Ја земав колата од сервис после променет дихтунг на глава (дуваше воздух во казанче, уље чисто, антифриз чисто плав) и кога го запалив чуреше плаво као 3 тамчиња на пуна гас на угорница. После 3-4 километри се исчисти и коа загреа со фино газење нема ни црн ни плав чад позади, вода држи. ТОП. Го запалив после 3-4 дена и на искачање од гаража пак видов дека чури плаво, после 3км веќе не гледав чад во ретровизор но не значи дека не си чади „онака“. Пред да се смени дихтунгот редовно си чурнуваше на палење „фина“ количина на чад али после 15 секунди се чистеше целиот чад од ауспух.
Компјутер вика има 2 кодови, егр (мислам дека е стар код) и „P0190 Fuel rail pressure sensor circuit malfunction“. Човекот ми објасни нешто не го разбрав баш, дизните „компензирале“ една за друга и четвртата дизна била во нормала -0.7, втора и трета се на граница -2, а четвртата е +4. (граница на нормала е од -2 до 2). Нема збор дека дизните имаат проблем али после сметката за дихтунгот, ќе почекаат уше некој месец (во гаража).
Прашањето ми е дали плавиот чад теоретски може да е од дизните, или можно од лошо сработена репарација на глава? (рамнета глава, сменети гумици и „полирани лежаи на вентили?“)