Ајде вака со ред
Првичната одлука за 1.3 мотор се отфрли и на крај се решив ипак да биде 1.6 фиат/ланчија. После неколку консултации со Аки(српското југо на нирбургринг што беше) ми даде некои инструкции(повеќето беа околу припрема на кошот) и се фатив за работа.
Пошто моторот беше изваден, остана да се доизвади све што имаше под хауба(мењач, полуосовини, балансштангла, парно, инсталацијата прибрана на куп итд.. колку што е можно повише да се испразни, знам дека можеше уште да се растура ради подобар пристап како на пример воланска летва амортизери, цевките и пумпата за кочници, ама ги немав условите за таков зафат).
Следно беше соголување до гол лим на местата каде што треба да се вари за да се појача
Па се извари кошот и се ставија триаголници(првичната замисла беше да се напраи ќошето односно горе доле и челно парче да ги спои али пошто испадна парчето железо да биде доста дебело и цврсто се решивме само за по еден триаголник лево и десно) и се избрусија сите варови за да не изгледа грубо(немам многу слики од варењето и брусењето варови)
Следеше поминување со Wash Primer на сите делови кај што беше избрусено до гол лим
Следно беше да се изапсигува цел кош за филер/шприц кит
Дихт маса каде што беше варено за да се затнат дупчиња некои ако има и естетски да не делува грубо со варовите(сликите се малце лоши)
Вчера беше ставена во филер
Следно е да се исуши филерот деновиве убаво и да стегне, да се изапсигува со мокра 600ка да се земе боја(најверојатно некоја нијанса на темно златна металик) и лак, да се офарба и да се почне полека со склапање за да може да се однесе да му се стави мотор. Се надевам дека до лето ќе биде у возна состојба.