Ме интересира мене, дали некој од вас ја проверил изолацијата деновиве?
Во возилото се јавува кондензација на лимот. Да не испадне дека ради ладново време не може да испари, па да држи влага постојано.
Некој што има, не е лошо да отвори врата или страница во гепек и да ја напипа.
Исто така во вратите што ја лепевте изолацијата, да се провери дали се уште стои или е падната - заради временските услови.
Сале, изолацијата се користи за обложување на канали од каналска климатизација. Намената на изолацијата е да спречи создавање на кондензација на каналот кога низ него струи ладен воздух, а собната температура каде што каналот проаѓа е повисока. Сигурно знаеш дека штом внесеш тело со ниска специфична температура во простор каде што има повисока специфична температура и зголемена влажност, на површината од телото со ниска температура се појавува кондензација.
Изолацијата е монтирана на лим кој што од едната страна е изложен кон надворешна атмосферска температура, а од другата страна е изложен кон кабината од возилото. Без разлика каде да ја залепиш изолацијата ќе го имаш истиот случај. Значи за да се создаде кондензација внатре во возилото потребно е надвор да биде температурата под 0, а во возилото да има релативна влажност од над 55%, што е речиси невозможно, за да може да се налепи влага на лимот што не е изолиран, на ист начин како што се лепи влагата на шофершајбна кога возиш во зима (кога замаглува). Е сега изолацијата нема да дозволи создавање на овој ефект на кондензација зашто дополнително ја намалува површината од лимот што не е изолирана односно која е изложена на надворешна температура. Значи изолацијата ќе помогне да НЕ се создаде кондензација. Материјалот не впива течност, значи е хидроотпорен 100% и воедно хидростабилен, односно не губи својства ис структура во присуство на вода и влага.
Инаку лепакот што го има изолацијата е толку силен и стабилен што издржува 15-20 години без проблем на каналска клима каде што температурните екстреми се многу поголеми отколку во возилото. Стабилен е и на високи температури. Единствена маана му е ако е изложен на директно УВ зрачење (сонце) почнува да се рони и деградира. Бидејќи е монтиран во гепек, под тапацир и внатре во врата, УВ зраци нема ни да види, и векот на траење ќе му биде се додека возилот не го дадеш во отпад кога ќе си го одработи своето за многу години.
Така да нема да има проблем со материјалот никаков.
Јас го имам овој материјал лепено на каналска клима кај мене во канцеларија пред 4 години и до ден денес е сеуште како нов и нема појавено никаде ниту една капка од вода заради кондензација.