Автор Тема: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010  (Прочитано 77208 пати)

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16719
  • Keep it 100
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #90 на: 06 Февруари 2015, 16:10:03 pm »
Овие се во иста боја како тие префарбаните :)

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #91 на: 06 Февруари 2015, 16:15:01 pm »
На фиестата ќе и стојат многу тие дени што ги стави или првите оз што ги стаи златко, со подебели и поправи краци. Овие погоре на белата и црната не и стојат ич, многу празно делува. Како се со цена тие на дени?

Мислам дека овие на сликата се 17-ки. Ама тој е бандажот.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #92 на: 06 Февруари 2015, 17:22:47 pm »
Сале, изолацијата се користи за обложување на канали од каналска климатизација. Намената на изолацијата е да спречи создавање на кондензација на каналот кога низ него струи ладен воздух, а собната температура каде што каналот проаѓа е повисока. Сигурно знаеш дека штом внесеш тело со ниска специфична температура во простор каде што има повисока специфична температура и зголемена влажност, на површината од телото со ниска температура се појавува кондензација...................


Да да, одприлике сум слушнал нешто околу изолацијата дека баш за тоа се користи, како се лепи, колку држи лепакот итн итн.
Фала за објаснувањето.
Инаку има една песна од Рибља Чорба и во еден од стиховите се вели: Теоретски љубав лепо звучи, малчице другчије је у пракси....

Затоа и реков да се провери дали има влага.
Точно е дека изолацијата е водоотпорна, но тоа не значи дека не е хигроскопна. Ме мрзи да одам и да вадам парче од таван, да снимам видео и да ти покажам што би значело тоа практично.
Како год, тоа е една од работите.
Втората е што тебе изолацијата не ти е од надвор него од внатре, односно земи за пример куќа и нејзина изолација. Како год, ајде и тоа нема везе, ама ти нема да ги изолираш сите делови идеално за да не се створи кондензација. + деновиве влажноста на воздухот е огромна, а не 55%.

Трета работа која ја спомнав е за температурата. Летно време кога колата е на сонце, на +35 степени, лимот е загреан на 70, ако не и повеќе. Никогаш не сум ја мерел, но штом сензорот за температура знае да покаже 65 степени па и повеќе ако колата е на сонце, тогаш можеме да замислиме колкава е температурата на лимот.
Дуплофанот на изолацијата е јак, но на големи температури станува како мастика, се растопува и не држи. Во таа насока беше насочено прашањето, дали евентуално има некоја промена од лепењето на истата. Но штом немало , како што рече Томе ондак супер.

И да, низ каналските системи за ладење/греење, кога веќе ги спомнуваме, најчесто сиркулира воздух со температура не повисока од 35 до 40 степени за греење и 10 до 15 за ладење.

Во кола, која е изложена на надворешни температури, овие температурни разлики се -20 за зимно и +35 за летно време, + доколку е колата на сонце, лимот нема +35 степени него многу повеќе.

Благодарам на објаснувањето уште еднаш. :)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7476
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #93 на: 06 Февруари 2015, 18:54:03 pm »
Убаво е да се обложи возилото со звучна изолација, ама на одредени места ќе се задржи водата, ќе држи подолго влага и со тоа ќе започне возилото за брзо време да кородира!

Од матријалот би ставил само на одредени места каде метал нема во близина неколку см да може да има струење на воздух и течење на вода.
Никако лепење на метал.

Пр. под даската од багажникот таа горната, на пластиките од вратите ако простор.
Во алфа изолација има на пластичните калници.

Јас вака би направил ама за мала разлика не сакам да се заебавам а и има добра звучна изолација, само да најдам оргинал теписонче за под хауба да му ставам, малку да се намали звукот.

Која цена ја зема изолацијата и во која димензија и дебелина ја има.



Отсутен dame

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3177
    • https://www.facebook.com/pages/Hemisko-I-Poliranje-Na-Vozila/373554479331896
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #94 на: 06 Февруари 2015, 21:18:42 pm »
iako ne e nesto posebno bandasov mislam deka ke stoi dobro i deka i cenata ne e losa http://www.pazar3.mk/mk/Listing/AdDetail/Index/1930204-Alu-bandazi-16-ki-5x108mm-Ford-Focus-nov-model

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3258
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #95 на: 06 Февруари 2015, 22:11:39 pm »
Убаво е да се обложи возилото со звучна изолација, ама на одредени места ќе се задржи водата, ќе држи подолго влага и со тоа ќе започне возилото за брзо време да кородира!

Од матријалот би ставил само на одредени места каде метал нема во близина неколку см да може да има струење на воздух и течење на вода.
Никако лепење на метал.

Пр. под даската од багажникот таа горната, на пластиките од вратите ако простор.
Во алфа изолација има на пластичните калници.

Јас вака би направил ама за мала разлика не сакам да се заебавам а и има добра звучна изолација, само да најдам оргинал теписонче за под хауба да му ставам, малку да се намали звукот.

Која цена ја зема изолацијата и во која димензија и дебелина ја има.




Изолацијата ја земав од Клима Комерц. Дебелината и е 9mm. Се продава во котур со широчина од 120cm а должината е колку што ти треба. Ја продаваат 350 денари за метар квадратен.

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #96 на: 06 Февруари 2015, 22:34:00 pm »
Што и да ставиш не заборавај да ја спуштиш. Без спуштање џабе и OZ и RAYS или било што и да туриш.

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3258
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #97 на: 06 Февруари 2015, 22:48:22 pm »
Што и да ставиш не заборавај да ја спуштиш. Без спуштање џабе и OZ и RAYS или било што и да туриш.


Ха ха, колава иначе ја земав за жена ми да ја вози. Ама толку ќеиф имам да ја средам како што треба тоа е неверојатно. Здравје на есен ќе ја спуштам ако дојде тоа на дневен ред. Бандаш ќе и купам обавезно во наредниов период.


И

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3258
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #98 на: 06 Февруари 2015, 22:49:57 pm »
iako ne e nesto posebno bandasov mislam deka ke stoi dobro i deka i cenata ne e losa http://www.pazar3.mk/mk/Listing/AdDetail/Index/1930204-Alu-bandazi-16-ki-5x108mm-Ford-Focus-nov-model

Овие се со 5 дупки. Фиестата има со 4. Ќе треба да се зафркавам со адаптери и сл.

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3258
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #99 на: 07 Февруари 2015, 14:43:57 pm »


Затоа и реков да се провери дали има влага.
Точно е дека изолацијата е водоотпорна, но тоа не значи дека не е хигроскопна. Ме мрзи да одам и да вадам парче од таван, да снимам видео и да ти покажам што би значело тоа практично.
Како год, тоа е една од работите.
Втората е што тебе изолацијата не ти е од надвор него од внатре, односно земи за пример куќа и нејзина изолација. Како год, ајде и тоа нема везе, ама ти нема да ги изолираш сите делови идеално за да не се створи кондензација. + деновиве влажноста на воздухот е огромна, а не 55%.

Трета работа која ја спомнав е за температурата. Летно време кога колата е на сонце, на +35 степени, лимот е загреан на 70, ако не и повеќе. Никогаш не сум ја мерел, но штом сензорот за температура знае да покаже 65 степени па и повеќе ако колата е на сонце, тогаш можеме да замислиме колкава е температурата на лимот.
Дуплофанот на изолацијата е јак, но на големи температури станува како мастика, се растопува и не држи. Во таа насока беше насочено прашањето, дали евентуално има некоја промена од лепењето на истата. Но штом немало , како што рече Томе ондак супер.



Благодарам на објаснувањето уште еднаш. :)

Убаво е да се обложи возилото со звучна изолација, ама на одредени места ќе се задржи водата, ќе држи подолго влага и со тоа ќе започне возилото за брзо време да кородира!

Од матријалот би ставил само на одредени места каде метал нема во близина неколку см да може да има струење на воздух и течење на вода.
Никако лепење на метал.

Пр. под даската од багажникот таа горната, на пластиките од вратите ако простор.
Во алфа изолација има на пластичните калници.

Јас вака би направил ама за мала разлика не сакам да се заебавам а и има добра звучна изолација, само да најдам оргинал теписонче за под хауба да му ставам, малку да се намали звукот.

Која цена ја зема изолацијата и во која димензија и дебелина ја има.



SaleSK и Drive-r, од вчера ме ставивте на мисла со кондензацијата и вградувањето на звучна изолација. Стварно не ми доаѓа во глава од физичко-технички момент како ќе се зголеми создавањето на кондензација во возилото ако се вгради изолација на места каде што претходно воопшто ја немало? Во кој случај ќе се формира (налепи) вода на лимот? Јас ваква слична изолација имам видено во фабрички вградена во Пасат, Мерцедес и слични возила, па никој не се пожалил дека возилото му скапало од влага.

Бидејќи сум машински инжењер по струка и закониве за термодинамика добро ги познавам, тврдењата дека ако изолираш површина која претходно била неизолирана, ќе дојде до појава на кондензација. Сигурно е дека неможеш цела површина да ја изолираш и дека ќе имаш термо дупка (топлински мост) ама кондензацијата би се јавила во многу поголем обем кога изолацијата би ја немало, а не кога би ја имало.

Ај бидејќи сте сигурни во исказите околу кондензацијата, може ли да ми симулирате (објасните) една ситуација кога би се појавила кондензација во возилото заради вградување на изолација. Односно кои услови треба да се исполнат за да се јави вода. И зашто истата вода не би се јавила доколку возилото нема изолација.

Изолацијата и влагата во домашни услови и таа што се јавува или појавила во кола се две посебни работи која една со друга немаат врска.

Фала за образложенијата однапред.

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54991
  • Махер
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #100 на: 07 Февруари 2015, 15:17:47 pm »
Нема како да ти дојде во глава логично... тоа повеќе треба да го чуеш од некој што имал проблем. А не од некој што теоретски размислувал на таа тема. Нормално дека пасат има и мечка тоа ти е доволен показател за рекла казала муабети.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #101 на: 07 Февруари 2015, 17:45:09 pm »
SaleSK и Drive-r, од вчера ме ставивте на мисла со кондензацијата и вградувањето на звучна изолација. Стварно не ми доаѓа во глава од физичко-технички момент како ќе се зголеми создавањето на кондензација во возилото ако се вгради изолација на места каде што претходно воопшто ја немало? Во кој случај ќе се формира (налепи) вода на лимот? Јас ваква слична изолација имам видено во фабрички вградена во Пасат, Мерцедес и слични возила, па никој не се пожалил дека возилото му скапало од влага.

Кондензација нема да се јави на лимот каде што е налепена изолацијата. Ке се јави на топлинските мостови.
Инаку не си видел колку кондензација се јавува во возилата, пошто нормално никој нормален не отвара врата за да го види истото. Криво ми е што не ја сликав ситуацијата пред некој ден за да те уверам колку само вода и каде ке најдеш во облик на капки на внатрешен лим од возило. Како год.
Да, во пасат и мерцедес има изолација, но каква?

Веројатно оваква.

Цитат
Бидејќи сум машински инжењер по струка и закониве за термодинамика добро ги познавам, тврдењата дека ако изолираш површина која претходно била неизолирана, ќе дојде до појава на кондензација. Сигурно е дека неможеш цела површина да ја изолираш и дека ќе имаш термо дупка (топлински мост) ама кондензацијата би се јавила во многу поголем обем кога изолацијата би ја немало, а не кога би ја имало.

Секоја чест. Јас не сум машински инжињер, и искрено да ти кажам кога имав термодинамика, единствено на часовите и вежбите ми беа интересни колешките и моментот како да и го закачам на некоја од нив после часови :)

Моментот беше не директно за кондензацијата, туку за водоотпорноста и хигроскопноста.

Цитат
Ај бидејќи сте сигурни во исказите околу кондензацијата, може ли да ми симулирате (објасните) една ситуација кога би се појавила кондензација во возилото заради вградување на изолација. Односно кои услови треба да се исполнат за да се јави вода. И зашто истата вода не би се јавила доколку возилото нема изолација.

Изолацијата и влагата во домашни услови и таа што се јавува или појавила во кола се две посебни работи која една со друга немаат врска.

Исто ти е.
Овде се работи за лим, а на куќа со цигли.
Изолацијата ке ти помогне само за звучна изолација и тоа во долниот дел на возилото, највеќе кај подкрилата и патосот, а за топлинска ич.
Друг момент е следниов.
Изолацијата ке ја лепиш на надворешниот дел од вратата. Водата која ке вледува низ прозорецот, додека ја переш колата, или додека врне, ке тече на изолацијата. ТОЧНО, изолацијата е водоотпорна, но тоа не значи дека не е хигроскопна. Чим знаеш термодинамика, знаеш што значи зборов.
со тоа директно влажноста ке се задржува повеќе во вратата од нормално кога лизгајќи се по лимот ке истече низ отворите на вратата.
Изолацијата која ја користи и мерцесец и пасат и еден куп други возила, ако си имал прилика да видиш, најчесто се тенки, изработени се од некој тенок материјал кој е тврд и е како фластер натопен во смола, односно ѕифт. Тој материјал е  и водоотпорен и не е хигроскопен, а водата лизга по него, исто како и по лимот.

Ако сакаш пред да лепиш, земи едно парче од сунгерастата изолација (која е за климатизација а не за возила - ака ситуација ова е кола а не е куќа) брцни ја во чаша со вода и остави ја некое време. После тоа извади ја и стисни ја колку што можеш појако.
Водата нема ништо да и направи, но ке влезе низ порите и ке се задржи во неа. Стисни и види дали ке истече нешто од изолацијата, чисто да видиш ситуација.
Можеби имаш купено поквалитетна изолација, но сепак е со сунгераста структура.

 ;)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Pistorij

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 984
  • ECU rejected...
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #102 на: 07 Февруари 2015, 18:27:33 pm »
Кај мене во гепек се јавува кондензација, немам ставано дополнително никаква изолација. Помислив дека од некаде влага вода но не. Сите гумици се здрави и гепекот добро дихтува, пола саат со црево проверував ни ништо. На крај испадна кондензација дека е. Го тргам теписонот и лимот влажен, тоа како торбиче силиконско кај што чувам работи сијалички, прва помош .. капки цело. Незнам како да го спречам ова.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #103 на: 07 Февруари 2015, 18:31:22 pm »
Едноставно никако...
Многу врне, возухот е влажен. Возиш кола, ке се стопли, надвор ладно и влажно...Неизбежна е кондензацијата.
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54991
  • Махер
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #104 на: 07 Февруари 2015, 18:39:57 pm »
Кај мене во гепек се јавува кондензација, немам ставано дополнително никаква изолација. Помислив дека од некаде влага вода но не. Сите гумици се здрави и гепекот добро дихтува, пола саат со црево проверував ни ништо. На крај испадна кондензација дека е. Го тргам теписонот и лимот влажен, тоа како торбиче силиконско кај што чувам работи сијалички, прва помош .. капки цело. Незнам како да го спречам ова.
со намалување на количеството влага во колата како и со намлување на температурата во колата. Накратко со проветрување на колата при последното возење пред вечерта. (1-2 минути возење со отворен прозорец на пример)